Ona ili ja“ (македонски: Таа или јас) е песна од хрватската поп пејачка Јелена Розга од нејзиниот втор соло студиски албум Bižuterija (2011). Песната е издадена како осмиот сингл од албумот на 5 октомври 2010 година. Напишана е од парот Хуљиќ, односно музичарот и продуцент Тончи Хуљиќ и неговата сопруга, поетесата и текстописец Вјекослава Хуљиќ. Аранжманот е завршен од Реми Казиноти. Со цел да ја промовира песната, Розга ја извела во живо за време на фестивали, а песната има и музучко видео.

„Ona ili ja“
сингл од Јелена Розга
од албумот Bižuterija
Пуштена5 октомври 2010
Снимена2008
Жанр
Должина3:39
МаркаКроација Рекордс
Песнописец
Продуцент(и)
Јелена Розга ― синглова хронологија
"Bižuterija"
(2010)
"Ona ili ja"
(2010)
"Karantena"
(2010)
Музичко видео
Грешка: Немате укажано назнака на страницата на YouTube

Според текстот, во песната се работи за главниот женски протагонист кој бара од нејзиниот машки партнер да ѝ ја каже одлуката дали ја бира неа или некоја друга девојка со која исто така има контакт. Поради популарноста, песната е дел од концертите и настапите во живо на пејачката на нејзините регионални турнеи.