Karantena“ (македонски: Карантин) е песна од хрватската поп пејачка Јелена Розга од нејзиниот втор соло студиски албум Bižuterija (2011). Песната е издадена како деветтиот и последен сингл од албумот на 14 декември 2010 година. Напишана е од парот Хуљиќ, односно музичарот и продуцент Тончи Хуљиќ и неговата сопруга, поетесата и текстописец Вјекослава Хуљиќ. Аранжманот е завршен од Реми Казиноти. Со цел да ја промовира песната, Розга ја извела во живо за време на фестивали. Песната има и свое музичко видео кое ја прикажува пејачката како се буди и ја пее во хотелска соба.

„Karantena“
сингл од Јелена Розга
од албумот Bižuterija
Пуштена14 декември 2010
Снимена2008
Жанр
Должина3:35
МаркаКроација Рекордс
Песнописец
Продуцент(и)
Јелена Розга ― синглова хронологија
"Karantena"
(2010)
"Karantena"
(2010)
"Dalmatinka"
(2011)
Музичко видео
Грешка: Немате укажано назнака на страницата на YouTube

Според текстот, во песната се работи за главниот женски протагонист кој му објавува на нејзиниот машки партнер дека не е доволно присутен во нејзиниот живот. По издавањето, песната станува дел од концертите и настапите во живо на пејачката на нејзините регионални турнеи.