Оаза на морињата

(Пренасочено од Oasis of the Seas)

МБ „Оаза на морињата“ (англ. MS Oasis of the Seas) е крстосувач - најголемиот патнички брод на светот со капацитет од 5.400 патници.[1] Бродот бил дизајниран под името „Проект Генеза“ (Project Genesis). Бил порачан во февруари 2006. Кобилицата била поставена на 11 декември, 2007 во Акер Јардс во Турку, Финска. Во мај 2008 бил преименуван „Оаза на морињата“ (Oasis of the Seas) по одржаниот натпревар за именување на бродот.[2] Кога ќе се заврши во доцна 2009, бродот ќе тргне на крстарење низ Карибите од Еверглејдсското пристаниште во Форт Лодердејл, Флорида. Во блиска иднина ќе се започне со изградбата и на бродот „Allure of the Seas“.


Поглед на бродот на 30 октомври 2009
Кариера
Назив: „Оаза на морињата“
(Oasis of the Seas)
Сопственик: Кралска Карипска Интернационала
(Royal Caribbean International)
Оператор: Кралска Карипска Интернационала
(Royal Caribbean International)
Пристаниште и Регистар: сѐ уште неодредено
Траса: Кариби (од 2009)
Порачан: февруари, 2006
Градител: Акер Јардс, Турку, Финска
Цена на чинење: 1,2 милијарди долари (755 милиони евра)
Спуштен: 11 декември, 2007
Прва пловидба: 12 декември, 2009 (планирано)
Статус: во изградба
Општи карактеристики
Класа и тип: Оаза
Тонажа: 220,000 БРТ
Потисок: околу 100,000 тони
Должина: 360 м
Ширина: 47 м
Висина: 65 метри над водата
Под вода: 9 м
Палуби: 16 патнички палуби
Инсталитана моќ: 8 Вартсила V12 мотори, секој по 17,500 кс
Придвижуван од: 3 × 20 MW Асеа Браун Бовери Азипод, сите азимутски
Брзина: 20.2 kn (37.4 km/h; 23.2 mph)*
Капацитет: 5,400 пансиони за двајца (околу 7,300 заедно со трети и четврти патници)
Посада: сѐ уште неодредено

„Оаза на морињата“ ќе биде првиот брод со следниве удобности: апартмани со високо приземје, амфитеатар со крајбазенски изведби, спусна жичарница и рингишпил. Ќе биде најголемиот крстосувач на светот при неговото завршување во 2009.[1]

Покрај соседството наречено Централен парк, бродот ќе има и соседство наречено Шеталиште, кое е така обмислено за да ги потсеќа патниците на пристаништата од минатото. Централната атракција ќе биде рачно изработениот рингишпил. Во соседството ќе има и амфитеатар „АкваТеатар“ кој ќе биде најголемиот базен на брод во светот и крај него ќе се одржуваат разни активности и манифестации.

Спусната жичарница ќе виси на висина од девет спратови над шеталиштето, а таму ќе има и два ѕида за искачување. Патниците ќе имаат на избор да отседнат во 28 двокатни апартмани со високо приземје и прозори од земја до таван.

Соседства

уреди

„Оаза на морињата“ ќе има голема новина. Таа ќе има седум соседства, секое со посебен карактер, пружајќи посебно искуство.

Шеталиште

уреди

Шеталиштето (The Boardwalk) е инспирирано од разните пристаништа ширум светот. Ова место ќе пружа по нешто за сите возрасти. Таму патникот ќе може да се глед водни спектакли (АкваТеатар), да се провози на првиот бродски рингишпил, првата спусна жичарница на море, да купува во пет различни продавници, како и да ги посети петте ресторани и барови.

Кралска променада

уреди

Кралската променада (The Royal Promenade) ќе ги има многу од нештата кои можат да се најдат на бродовите од класата Војаџер и Слобода, меѓу кои рестораните и продавниците, но ќе има и новости. Ова ќе бидат плафонските стакла кои ќе пропуштаат природна светлина низ Централниот парк над местото, како и бар кој се подига и оди помеѓу три палуби (нивоа) на бродот (Rising Tide bar).

Централен парк

уреди

Централниот парк (Central Park) било првото соседство разоткриено за јавноста. Тоа ќе биде на отворено небо, полно со раскошни градини и патеки. Местото ќе има три продавници и шест ресторани/барови.

Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 „New Royal Caribbean cruise ship offers many firsts“. South Florida Sun-Sentinel. 2008-06-19. Архивирано од изворникот на 2008-06-20. Посетено на 2008-06-19.
  2. „архивски примерок“. Архивирано од изворникот на 2008-05-26. Посетено на 2008-05-26.

Надворешни врски

уреди
Рекорди
Претходник
Слобода на морињата
Најголем патнички брод на светот
2009 – ?
Наследник
Allure of the Seas