Википедија:ОХКР
ОХКР е проект во рамките на кој учениците од ОУ „Кочо Рацин“ - Охрид се организираат и ги координираат своите активности со цел подобрување на постоечките и создавање на нови статии на Википедија на македонски јазик. Во извршување на предвидените активности може да се вклучат и останатите википедијанци. Проектот опфаќа категоризација, надополнување и презентација на темите кои ги обработуваат учениците. Страницата на проектот и соодветните потстраници содржат основни правила кои помагаат во насочување на работата на учениците.
Ако сте заинтересирани да се вклучите во овој проект, слободно дадете свои коментари на страницата за разговор на овој проект, станете активен член на проектниот тим или едноставно дадете свој придонес во уредувањето на статиите.
Основното училиште „Кочо Рацин“ од Охрид е првото основно училиште во Македонија кое формира своја вики секција.
ОУ „Кочо Рацин“ - Охрид | 2013/2014 | ||
ОХКР - Главна страница | I пол. | II пол. |
Цели
уредиРаботата на учесниците во овој проект ќе биде фокусирана на:
- Создавање на нови квалитетни статии;
- Редизајн на постоечките статии;
- Меѓујазични врски кон статиите на другите јазични изданија на википедија.
Фази на проектот
уреди- Секој ученик, отвора корисничка сметка на википедија.
- Секој ученик, избира една или повеќе одредници за кои веќе има создадена статија на википедија.
- Секој ученик, избира една или повеќе одредници за кои сè уште нема создадена статија на википедија.
Првата фаза на проектот опфаќа дефинирање на списоци на статии кои ќе бидат предмет на обработка и избор на статии за обработка на секој учесник во проектот поединечно. Се предлага соработка на повеќе учесници на една статија согласно со принципите на Википедија.
Втората фаза на проектот опфаќа обработка на статиите, нивно оценување и предлагање за добри односно избрани статии.
Рокот за завршување на обврските на учениците е крај на март 2013 година.
Кон средината на месец март, од списокот на новосоздадени статии во рамките на училишниот вики-проект, групата консензуално избира најдобра статија, избира ученик кој дал најголем придонес во уредувањето на статиите, избира ученик кој бил најколаборативен во групата и општо на википедија.
Изборот се прави на оваа вики-страница.
Во уредувањето на статиите и изборот може да учествуваат и други википедијанци, кои не се членови на вики-проектот.
Како можете да помогнете?
уредиВклучете се во било која од фазите и дадете свој придонес во уредувањето на статиите. Секој може да се вклучи во било која фаза од проектот. Може да се работи и паралелно во било која фаза од проектот со произволен број на учесници.
Вашето учество е добредојдено и драгоцено, без разлика од кој квалитет и интензитет ќе биде.
Избор на најдобра статија
уредиПодолу може да номинирате статија за избор на најдобра во рамките на проектот. Останатите членови од викизаедницата, вклучително и членовите на проектот, ќе имаат можност да ја оценат номинираната статија. За најдобра статија на проектот ќе се избере статијата која ги задоволува стандардите на википедија. Најдобрата статија треба да претставува пример за најдобра работа на проектот, да содржи професионални стандарди на пишување и презентација, да се придржува до сите правила кои важат општо за сите статии на Википедија, како и:
- (а) да е одлично напишана: нејзината проза е инспиративна, дури брилијантна и е од професионален стандард;
- (б) да е детална: ги содржи сите важни факти или детали, ништо не изоставува;
- (в) да е веродостојна и прецизна: тврдењата се веродостојни и се искористени авторитативни извори кои прецизно и точно градат едно тело на публикувано и потврдено знаење и се придружени со специфични докази и надворешни цитати, ова го вклучува постоењето на пасус „Наводи“ во кој се наведени изворите, придружени со фусноти на соодветните места;
- (г) да е неутрална: презентира објективност и неполаризираност;
- (д) да е стабилна: не е тема на уредувачки војни и нејзината содржина не се менува значајно од ден на ден;
- (ѓ) да има вовед: концизен почетен дел кој ја сумира целата тема и го подготвува читателот за поголемото ниво на деталност во следните секции;
- (е) да има соодветна структура: систем на хиерархиски поднаслови, но не преголема содржина;
- (ж) да има постојани цитати: онаму каде што има потреба во согласност со (в), континуирано форматирани референци во форма на фусноти;
- (з) да има слики и други мултимедијални содржини таму каде што е соодветно, со добар коментар на секоја слика и со прифатлив статус во врска со авторските права;
- (ѕ) да има соодветна должина, при што фокусот ќе остане на главната тема без да се оди во непотребни детали.
Номинирани статии
уредиПредлошки
уредиСледниве предлошки ќе се користат:
- {{никулец}} – статиија никулец - се додава на крајот од статија никулец.
- {{ОХКР}} – ознака дека статијата е дел од проектот - се додава во страницата на разговор на соодветната статија.
- {{Корисник ОХКР}} – предлошка за учесници во проектот, секој корисник член на проектот ја додава на својата корисничка страница.