Википедија:ППЃП 2013/2014
Проектот ППЃП има за цел да помогне во подобрување на постоечките и создавање на нови статии на Википедија на македонски јазик од страна на учениците во СОУ „Ѓорче Петров“ - Прилеп, со цел работата на учениците подобро да се организираа и координира. Во извршување на предвидените активности може да се вклучат и останатите википедијанци. Проектот треба да опфати категоризација, надополнување и презентација на темите кои ги обработуваат учениците. Страницата на проектот и соодветните потстраници содржат основни правила за насочување на работата на учениците.
Ако сте заинтересирани да се вклучите во овој проект, слободно дадете ги своите коментари на страницата за разговор на овој проект, станете активен член на проектниот тим или едноставно дадете свој придонес во уредувањето на статиите.
СОУ „Ѓорче Петров“ - Прилеп | 2012/2013 II полугодие |
2013/2014 | ||
ППЃП - Главна страница | I пол. | II пол. |
Избор на најдобра статија
уредиПодолу може да номинирате статија за избор на најдобра во рамките на проектот. Останатите членови од викизаедницата, вклучително и членовите на проектот, ќе имаат можност да ја оценат номинираната статија. За најдобра статија на проектот ќе се избере статијата која ги задоволува стандардите на википедија. Најдобрата статија треба да претставува пример за најдобра работа на проектот, да содржи професионални стандарди на пишување и презентација, да се придржува до сите правила кои важат општо за сите статии на Википедија, како и:
- (а) да е одлично напишана: нејзината проза е инспиративна, дури брилијантна и е од професионален стандард;
- (б) да е детална: ги содржи сите важни факти или детали, ништо не изоставува;
- (в) да е веродостојна и прецизна: тврдењата се веродостојни и се искористени авторитативни извори кои прецизно и точно градат едно тело на публикувано и потврдено знаење и се придружени со специфични докази и надворешни цитати, ова го вклучува постоењето на пасус „Наводи“ во кој се наведени изворите, придружени со фусноти на соодветните места;
- (г) да е неутрална: презентира објективност и неполаризираност;
- (д) да е стабилна: не е тема на уредувачки војни и нејзината содржина не се менува значајно од ден на ден;
- (ѓ) да има вовед: концизен почетен дел кој ја сумира целата тема и го подготвува читателот за поголемото ниво на деталност во следните секции;
- (е) да има соодветна структура: систем на хиерархиски поднаслови, но не преголема содржина;
- (ж) да има постојани цитати: онаму каде што има потреба во согласност со (в), континуирано форматирани референци во форма на фусноти;
- (з) да има слики и други мултимедијални содржини таму каде што е соодветно, со добар коментар на секоја слика и со прифатлив статус во врска со авторските права;
- (ѕ) да има соодветна должина, при што фокусот ќе остане на главната тема без да се оди во непотребни детали.
Избраната статија треба да ги почитува горенаведените критериуми за да биде најдобра.