Морска милја
Морска милја или наутичка милја (симбол: M; исто така: NM, nm или nmi) — единица за должина која изнесува околу една лачна минута географска должина долж некој меридијан, но приближно една лачна минута географска должина само на екваторот. По меѓународен договор, една морска милја изнесува точно 1 852 метри.
Единицата не му припаѓа на SI-системот, но е прифатена за употреба со неговите единици. Наоѓа особена примена во морската шпедиција и воздухопловството,[1] но и во поларните експедиции. Застапена е во меѓународното право и меѓународните договори, особено во однос на границите на територијалните води на државите. Морската милја потекнува од копнената милја и е сродна на неа.
Морската милја се користи од морепловците и авијатичарите ширум светот бидејќи е згодна при работа со карти. Највеќето карти се изработени со Меркаторовата проекција, чиј размер варира за фактор од 6 од екваторот до 80° СГШ и ЈГШ. Затоа не е можно да се приложи една иста скала кај размери помали од 1:80.000.[2] Бидејќи во практичното морепловство и воздухопловство, морската милја е еднаква на една минута геог. ширина, растојанието на картите лесно се мери со поделба, користејќи ја скалата за ГШ.
Дефиниција
уредиМеѓународната морска милја е дефинирана на Првото вонредно хидрографско собрание во Монако (1929) како точно 1 852 метри.[1] Ова е единствената дефиниција во широка употреба според Меѓународната хидрографска организација (МХО) и Меѓународното биро за тегови и мерки (МБТМ). Пред 1929 г. постоеле разни дефиниции во разни земји, и затоа требало да помине време за новоутврдената мерка да се прифати СССР, Британија и САД.
Изразено во други единици
уредиЕдна морска милја е еднаква на:
- 1,852 километри (точно)
- 1,150779 милји (копнени) (точно: 57 875/50 292 милји)
- 2 025,372 јарди (точно: 2 315 000/1.143 јард)
- 6 076,1155 стапки (точно: 2 315 000/381 стапки или 1 822 831/300 геодетски стапки)
- 1 012,6859 фата (точно: 1.157.500/1.143 фата)
- 10 меѓународни кабли (точно)
- 10,126859 британски (100-фатен) кабли (точно: 11 575/1 143 британски кабли)
- 8,439049 американски (120-фатен) кабли (точно: 57 875/6 858 американски кабли)
- 0,998383 екваторски лачни минути (традиционални географски милји)
- 0,9998834 средни меридијански лачни минути (средни историски морски милји)
Сродни единици
уредиОд морската милја е изведена и единицата за брзина јазол. Таа се дефинира како една морска милја на час. Поимите „јазол“ произлегува од традиционалниот начин на мерење брзина со јаже и парче талпа („лог“) т.е. со броење на јазлите на јажето што ќе заминат во водата во текот на дадено време.
Поврзано
уреди- Јазол (единица) — изведена единица за брзина
- Милја — други видови милји
Наводи
уреди- ↑ 1,0 1,1 Меѓународно биро за тегови и мерки (2006), Меѓународен систем на мерни единици (SI) (PDF) (VIII. изд.), стр. 127, ISBN 92-822-2213-6 (англиски)
- ↑ Bowditch, Nathaniel, LLD; и др., The American Practical Navigator (PDF) (2002. изд.), Washington: National Imagery and Mapping Agency, стр. 34–35, Архивирано од изворникот (PDF) на 2012-03-15, Посетено на 2011-09-20
Литература
уреди- Bowditch, Nathaniel; и др., декември 45/MSISiteContent/StaticFiles/NAV_PUBS/APN/Gloss-1.pdf The American Practical Navigator Проверете ја вредноста
|url=
(help) (PDF) (2002. изд.), Washington: National Imagery and Mapping Agency, стр. 716–854[мртва врска] - Bowditch, Nathaniel, LLD; и др. (1966 - Corrected Print), The American Practical Navigator, Washington: U.S. Navy Hydrographic Office, стр. 945 Проверете ги датумските вредности во:
|year=
(help) - Glazebrook, Richard (1922), „Measurement, Units of“, Dictionary of Applied Physics, 1, стр. 580–88.
- National Bureau of Standards (August 1954), „Adoption of International Nautical Mile“ (PDF), Technical News Bulletin, Архивирано од изворникот (PDF) на 2007-09-26, Посетено на 2011-09-20.
- Ministry Of Defence, Gran Bretaña (1987), Admiralty Manual of Navigation, London: HMSO, стр. 6–7, ISBN 0117728802.
- „The Units of Measurement Regulations 1995“. The National Archives. Посетено на 1 февруари 2011.
- Chart No. 1, Positions, Distances, Directions, Compass, Jointly by NOAA and Department of Commerce, USA, Архивирано од изворникот на 2011-08-10, Посетено на 2011-09-20 The cited book incorporates IHO Chart INT 1 and therefore represents the practice of the members of the IHO, most of the seafaring nations.
- NOTIFICATION OF ANNEX DIFFERENCES (Presented by Australia) Архивирано на 19 декември 2008 г., International Civil Aviation Organisation, Sixth Meeting of CNS/MET Sub Group of APANPIRG, Bangkok, Thailand, 15–19 јули 2002.
- "For a point on the spheroid of the IAU System at geodetic latitude (Φ): 1 degree of latitude [=] (110.575 + 1.110 sin2Φ) km." Seidelmann, P. K. (Ed.), (1992), Explanatory supplement to the Astronomical almanac, Sausalito, CA: University Science Books, 700.
- Origin of Naval Terminology, Naval Historical Center, US Naval Dept. Library, Архивирано од изворникот на 2011-02-12, Посетено на 3 мај 2006
- Fairhall, David (2005), Pass your day skipper (2. изд.), A&C Black, ISBN 0713674008.
- Moritz, H. (1980), „Geodetic Reference System“, Bulletin Geodesique, 54 (3) (IUGG/WGS-84 data)
- Taff, Laurence G. (1981), Computational Spherical Astronomy, John Wiley and Sons (IAU data)
Надворешни врски
уреди- Мерете растојанија на карта во морски милји (англиски)
- Претворање на морски милји во копнени милји и километри (и обратно) Архивирано на 9 февруари 2014 г. (англиски)