Меѓународна хидрографска организација

(Пренасочено од IHO)

Меѓународна хидрографска организација или МХО (анг. International Hydrographic Organization или IHO; фр. Organisation hydrographique internationale) — меѓународен орган на светската хидрографска заедница.

Меѓународна хидрографска организација
International Hydrographic Organization
Organisation hydrographique internationale
  Членки
  Одобрени, чекаат прием
  Кандидати
Основана1921
СедиштеМеѓународно хидрографско биро
МестоМонако
Членство82 земји
Службени јазицианглиски, француски
ПретседателРоберт Ворд (Австралија)
Клучни лицаДиректори: Мустафа Иптес (Турција) и Жил Бесеро (Франција)
Мреж. местоhttp://www.iho.int/

Историја

уреди

МХО е основана во 1921 г. под името „Меѓународно хидрографско биро“ (IHB). Почетниот состав се состоел од 18 земји-членки. За седиште е избрано кнежевството Монако заради поволната географска положба, но и поради понудата на кнезот Алберт I да овозможи соодветни простории. Сегашното име го добила 1970 г. со преработката на договорот помеѓу земјите-членки.

Функции

уреди

Главните улоги на МХО се следниве: ·Да овозможи блиска и трајна соработка помеѓу хидрографските служби во земјите-членки. ·Да проучува области и аспекти на хидрографијата и сродните науки и техники. ·Да ја помага размената на поморски карти и документи помеѓу хидрографските службеници и управните органи во земјите-членки. ·Да даваат напатствија и совети по потреба, сособено на земјите што сакаат да воспостават своја хидрографска служба. ·Да ги усклади хидрографските мерења и поврзаните океанографски активности. ·Да ги проширува и нуди океанографските сознанија во полза на морепловците. ·Да соработува со меѓународни организации и научни установи со сродни цели.

МХО договара и утврдува хидрографски стандарди со согласност на сите земји-членки. Потоа се очекува членките да ги следат воспоставените стандарди и да ги применуваат во геодетските мерења, поморските карти, како и во пишаните изданија.

Издавачка дејност

уреди

Многу изданија на МХО се достапни на нивното мрежно место: Меѓународната хидрографска ревија (International Hydrographic Review), Меѓународниот хидрографски билтен (International Hydrographic Bulletin), Картографските упатства (Chart Specifications), и Хидрографскиот речник (Hydrographic Dictionary). МХО исто така го објавено прирачникот „Граници на океаните и морињата“ (Limits of Oceans and Seas), кајшто се опишани границите на океаните и морињата.[1] Ова трето издание е издадено во 1953 г. и денес е застарено во многу региони. Во 2000 г. е направено изменето и дополнето нацрт-издание кое сè уште не е ратификувано и издадено.

МХО објавува и разни меѓународни стандарди поморска картографија и хидрографија, како стандардот S-57 - „Стандард за пренос на дигитални хидрографски податоци на МХО“ (IHO Transfer Standard for Digital Hydrographic Data), што претставува стандард на кодирање за потребите на електронските морепловни карти. Во јануари 2010 издаден е нов хидрографски геопросторен стандард за морски податоци и информации наречен S-100. За овој стандард постои регистар кој е достапен преку страницата на МХО. S-100 е усогласен со географските стандарди ISO 19100, и со тоа е наполно ускладен со современите стандарди за геопросторни податоци.

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. „Граници на океаните и морињата. III издание“ (PDF). Меѓународна хидрографска организација. 1953. Архивирано од изворникот (PDF) на 2011-10-08. Посетено на 7 февруари 2010. (англиски)

Надворешни врски

уреди