Mazzy Star

американска алтернативна рок-група

Mazzy Star ― американска алтернативна рок-група основана во 1988 година во Санта Моника, Калифорнија, од страна на Дејвид Робак (1958 ― 2020) и Хоуп Сандовал.

Mazzy Star
Mazzy Star во Лондон во 2012. Од лево кон десно: Дејвид Робак, Хоуп Сандовал, Колм Осиоиг, Кит Мичел (тапани), Суки Еверс (клавијатури)
Животописни податоци
ПотеклоСанта Моника, Калифорнија, САД
Жанрови
Период на активност
  • 1988–1997
  • 2012–денес
Издавачи

Најпозната песна на Mazzy Star е „Fade into You“, со која групата забележала одреден успех во средината на 1990-тите и често била емитuвана на MTV, VH1 и на радио.

Историја

уреди

Групата Mazzy Star била основана од Дејвид Робак, кој претходно бил дел од групата Rain Parade, една од најпопуларните на нео-психоделични рок-групи во Лос Анџелес.[3][4] Робак во 1983 година основал уште една група, Opal, заедно со басистот Кит Мичел и неговата тогашна девојка, пејачката Кендра Смит.[5][6]

По заминувањето на Смит од Опал среде турнејата за поддршка The Jesus and Mary Chain, Хоуп Сандовал, која била долгогодишен обожавател на Opal, била поканета да се приклучи како нова пејачка. Со доаѓањето на Сандовал, Opal се трансформирал во Mazzy Star.[7]

Првиот албум на групата, She Hang Brightly, бил издаден во мај 1990 година. Иако не бил особено успешен, песните од албумот биле често емитувани на радијата за алтернативна рок-музика,[8] и придонел групата да стекне одередена популарност.

По распаѓањето на американскиот огранок од Rough Trade кон крајот на 1990 година, Mazzy Star накратко останале без издавачка куќа. За неколку недели, потпишале договор со Capitol, кој на 4 ноември 1990 година повторно го објавил албумот She Hangs Brightly[9] и исто така на 27 септември 1993 година го објавил нивниот втор албум, So Tonight That I Might See.[10] Една година по објавувањето, албумот донел неочекуван хит сингл. „Fade into You“ се искачил на 44-то место на Billboard Hot 100, нивна прва песна на оваа топ-листа.[11]

Нивниот последен албум со Капитол, Among My Swan, бил издаден на 29 октомври 1996 година.[12] Иако не успеал да го достигне комерцијалниот успех на претходникот, албумот добил позитивни критики и бил добро прифатен од долгогодишните обожаватели на групата.[13]

По издавањето на Among My Swan, групата направила долга пауза. Непосредно по распаѓањето на Mazzy Star, Сандовал, која се појавила на изданието од Jesus and Mary Chain од 1994 година , Stoned & Dethroned, имала уште едно гостување на нивниот албум Munki, а исто така соработувала со Chemical Brothers, додека Робак продуцирал и измиксал две песни за албумот од Бет Ортон од 1999 година, Central Reservation. Хоуп Сандовал започнала соло кариера со нејзината нова група Hope Sandoval & the Warm Inventions, а Дејвид Робак продолжил да работи како продуцент и соработувал со многу музичари.

По повеќе од 15 години без ново студиско издание, Mazzy Star се вратиле на музичката сцена во 2013 година со албумот Seasons of Your Day.

Кит Мичел, кој тропал на тапани на сите четири албуми од Mazzy Star, починал на 14 мај 2017 година.[14]

Во јуни 2018 година, групата повторно се обединила за нивните први концерти по пет години, настапувајќи три последователни вечери во Сиднејската опера како дел од Vivid Live.[15] Истиот месец, го објавиле EP-то Still.[16]

Дејвид Робак починал од рак на 24 февруари 2020 година.[17]

Од 2020 година, групата во голема мера е на пауза, при што секој член се занимава со соло-активности.

Членови

уреди

Сегашни членови

уреди
  • Хоуп Сандовал – пејачка, акустична гитара, хармоника, Хамонд-оргули, удирачки инструменти (1988–1997, 2012–сега)
  • Суки Еверс – клавијатури (1988–1997, 2012–денес)
  • Колм Окисоф – гитара, бас, клавијатури, тапани (2012-денес)
  • Џош Јене – челична гитара со педали, гитари, тапани (2012–сега)

Поранешни членови

уреди
  • Дејвид Робак – гитари, клавијатури, пијано (1988–1997, 2012–2020; неговата смрт)
  • Кит Мичел – тапани, перкусии (1988–1997, 2012–2017; неговата смрт)
  • Џил Емери – бас (1993–1996)
  • Вилијам Купер - клавијатури, виолина (1988-1997; починал во 2001 година)

Дискографија

уреди
  • She Hangs Brightly (1990)
  • So Tonight That I Might See (1993)
  • Among My Swan (1996)
  • Seasons of Your Day (2013)

Наводи

уреди
  1. Unterberger, Richie. „Biography: Mazzy Star“. AllMusic. Посетено на April 26, 2024.
  2. 2,0 2,1 „Mazzy Star to Release First Album in 17 Years“. Billboard. Prometheus Global Media. July 16, 2013. Посетено на December 19, 2014.
  3. Strong, Martin C. (2003). The Great Indie Discography. Canongate. стр. 861–862. ISBN 1841953350.
  4. McGee, Alan (May 13, 2008). „Remembering the Rain Parade“. Guardian News and Media Limited. Посетено на November 30, 2011.
  5. Strong, Martin C. (2003). The Great Indie Discography. Canongate. стр. 861–862. ISBN 1841953350.
  6. McGee, Alan (May 13, 2008). „Remembering the Rain Parade“. Guardian News and Media Limited. Посетено на November 30, 2011.
  7. Strong, Martin C. (2003). The Great Indie Discography. Canongate. стр. 861–862. ISBN 1841953350.
  8. „Mazzy Star > Charts & Awards > Billboard Singles > She Hangs Brightly Singles“, Allmusic, Rovi Corporation, Посетено на October 24, 2011
  9. „She Hangs Brightly“. Mazzy Star Boulevard. Архивирано од изворникот на November 4, 2011. Посетено на October 24, 2011.
  10. „So Tonight That I Might See“. Mazzy Star Boulevard. Архивирано од изворникот на November 4, 2011. Посетено на October 24, 2011.
  11. „Mazzy Star > Charts & Awards > Billboard Singles > Fade into You“, Allmusic, Rovi Corporation, Посетено на October 24, 2011
  12. „Among My Swan“. Mazzy Star Boulevard. Архивирано од изворникот на September 30, 2011. Посетено на October 24, 2011.
  13. „Mazzy Star / Singles“. Official Charts. Посетено на September 15, 2019.
  14. Празен навод (help)
  15. Russell, Scott (April 18, 2018). „Mazzy Star Preview New EP Still With "Quiet, the Winter Harbor," First New Single Since 2014“. Paste. Архивирано од изворникот на April 19, 2018. Посетено на June 11, 2018.
  16. Празен навод (help)
  17. Slotnik, Daniel E. (February 26, 2020). „David Roback, 61, a Founder of Band Mazzy Star, Is Dead“. The New York Times. Посетено на February 27, 2020.

Надворешни врски

уреди