Macrophya punctumalbum
Macrophya punctumalbum | |
---|---|
Женска единка од Macrophya punctumalbum | |
Научна класификација | |
Царство: | Animalia |
Колено: | Arthropoda |
Класа: | Insecta |
Ред: | Hymenoptera |
Подред: | Symphyta |
Натсемејство: | Tenthredinoidea |
Семејство: | Tenthredinidae |
Род: | Macrophya |
Вид: | M. punctumalbum |
Научен назив | |
Macrophya punctumalbum (Linnaeus, 1767) |
Macrophya punctumalbum е вид на растителна оса во семејството Tenthredinidae.
Живеалиште
уредиГеографската распространетост на оваа оса е: Европа, Кавказ, Турција, Северен Иран. Во Македонија се среќава во околината на Скопје и Маврово.[1]
Биологија
уредиВозрасните единки достигнуваат должина од 7-8 милиметри. Главата и антените им се црни. Градите се црни, задниот раб на пронотумот, тегулите и скутелумот бели. Крилата стаклесто провидни, жилките и стигмата кафеави.[1] Предните и средните нозе црни, фемурите само делумно, тибиите и тарзите на предните делови бели. Абдоменот црн, средните тергити, третиот до седмиот, со бели странични дамки, последниот тергит наполно бел.[1]
Ларвите достигнуваат должина од 16 мм. Главата е еднобојно жолтозелена. Телото еднобојно зелено, од долната страна нешто послевтло. Тие се развиваат во периодот од јули до септември, а возрасните се среќаваат во периодот мај-август.[1]
Наводи
уреди- ↑ 1,0 1,1 1,2 1,3 Јонче Чинговски: Фауна на Македонија VI, Скопје, 1985, стр. 226