Macedonian Journal of Chemistry and Chemical Engineering
Macedonian Journal of Chemistry and Chemical Engineering е македонско научно списание од областа на хемијата и хемиското инженерство.
Macedonian Journal of Chemistry and Chemical Engineering | |
---|---|
Скратен наслов (ISO) | Maced. J. Chem. Chem. Eng. |
Дисциплина | Хемија |
Јазик | англиски |
Уредник | Зоран Здравковски |
Издавање | |
Издавач | |
Историја | 1974-денес |
Честота | двапати годишно |
Отворен пристап | да |
Фактор на влијание | 0,676 (2011-2015) |
Заведување | |
ISSN | 1857-5552 (печатено) 1857-5625 (семрежно) |
Врски | |
Историја на уредувачката политика
уредиСписанието за првпат излегува откако Хемискиот институт при Природно-математичкиот факултет и Технолошко-металуршкиот факултет се откажаа од своите соодветни списанија и обединети во Друштвото на хемичарите и технолозите на Македонија во 1974 година го објавуваат под називот Гласник на хемичарите и технолозите на Македонија. Прв главен и одговорен уредник е Бојан Шоптрајанов и списанието е моделирано според соодветните списанија со долга традиција во тогашна Југославија, пред сè на хрватското Croatica Chemica Acta Архивирано на 24 мај 2018 г. и на српското Гласник хемијског друштва според критериумите на Documenta Chemica Yugoslavica. Во тоа време трудовите се објавувале покрај на македонски и на српски, француски, германски, руски и англиски јазик. Треба да се истакне дека авторите не плаќаат за објавување и не се хонорираат, рецензентите не добиваат хонорари, ниту уредниците – пракса што е задржана до денес.
Во 1989 година под раководство на главниот и одговорен уредник Светомир Хаџи-Јорданов за да се подобри квалитетот се менува уредувачката политика и трудови се објавуваат само на англиски и тоа прегледни трудови, оригинални научни трудови, куси соопштенија, стручни трудови и трудови од образование. На македонски се објавуваат само насловите и извадоците од трудовите како и вести и некои специјални прилози. Исто така, се воведува практиката трудовите се рецензираат од двајца рецензенти, од кои барем еден надвор од Македонија. Што е исто важно веќе не се објавуваат проширени апстракти од конгресите на Сојузот на хемичарите и технолозите на Македонија.
Во 2006 година под раководство на главниот и одговорен уредник Елеонора Винкелхаузен се менува називот во Macedonian Journal of Chemistry and Chemical Engineering (MJCCE), се поставува мрежно место и списанието станува од отворен пристап. Влегува во Directory of Open Access Journals и се пристапува кон исполнување на условите за фактор за влијание, покрај веќе усвоените принципи и редовно излегување и избор на меѓународен уредувачки одбор.
Во 2010 година списанието влегува во базата Science Citation Index Expanded и го добива нивниот реномиран фактор на влијание. Под раководство на главниот и одговорен уредник Зоран Здравковски се пристапува кон осовременување односно воведување на електронско менаџирање на уредувачкиот процес. Во 2012 година списанието е поставено на Open Journal Systems платформата која е од отворен пристап и овозможува целосно електронско следење на уредувачкиот процес, објавувањето на трудовите на веб, притоа внесување на метаподатоци неопходни за индексирање на трудовите, дигитално архивирање итн. Исто така, за да се подобри квалитетот трудовите се праќаат во Англија на англиска професионална лектура од областа на хемијата и хемиската технологија. Во 2016 година секој труд добива и свој т.н. дигитален идентификатор, DOI – digital object identifier, со што списанието ги исполнува сите најновите барања на современо електронско научно списание.
Фактор на влијание
уреди- 2016 – пет годишен (2011-2015) - 0,676
- 2016 (2014-2015) - 0,400
- 2015 - пет годишен (2010-2014) - 0,650
- 2015 (2013-2014) - 0,533
- 2014 - пет годишен (2009-2013) - 0,622
- 2014 (2012-2013) - 0,310
- 2013 (2011-2012) - 0,821
- 2012 (2010-2011) - 1,079
- 2011 (2009-2010) - 0,459
- 2010 (2008-2009) - 0,200
Главни и одговорни уредници
уреди- Бојан Шоптрајанов (1974)
- Миодраг Брајовиќ (1984)
- Светомир Хаџи-Јорданов (1989)
- Глигор Јовановски (1993)
- Маја Цветковска (1997)
- Трајче Стафилов (2001)
- Елеонора Винкелхаузен (2005)
- Зоран Здравковски (2009)
Индексирање
уредиСписанието се индексира во поголем број реномирани бази како што се: Chemical Abstracts, Science Citation Index Expanded (SciSearch®), Chemistry Citation Index®, Journal Citation Reports/Science Edition, Directory of Open Access Journals (DOAJ), Scopus, EBSCO и други.
Специјални броеви
уредиДосега се излезени посебни боеви посветени на видни научници од областа на хемијата и хемиската технологија од Македонија по повод нивни јубилеи:
- 1997 – Бојан Шоптрајанов (60 години)
- 1999 – Александар Гризо (80 години)
- 2000 – Димче Тошев (80 години)
- 2002 – Иван Петров (80 години)
- 2011 – Светомир Хаџи-Јорданов (70 години)
- 2015 – Глигор Јовановски (70 години)