ЛАЗ

(Пренасочено од LAZ)

ЛАЗ (украински: Львівський автобусний завод, „Лавовски автобуски завод“) е произведувач на автобуси и тролејбуси од Лавов, Украина. Кратенката „ЛАЗ“ е всушност нивното официјално име.

Лавовски автобуски завод
Видхолдинг
Основано21 мај 1945
Распуштенооктомври 2014 Уреди на Википодатоците
Седиште,
Клучни личности
Игор Чуркин[1]
Производиавтобуси, тролејбуси
Матично претпријатие
Холдинг ЛАЗ
Мреж. местоwww.laz.ua
NeoLAZ 12 на ФК Карпати Лавов.
Поворка од свечено украсени автобуси CITYLAZ 18LF на ЈСП Скопје

Претпријатието било меѓу најкрупните производители на автобуси во СССР и најголемиот производен капацитет во градот. Денес е приватизирано како холдинг.

Најзастапено возило на производителот е градскиот автобус LAZ-695 и неговата продолжена туристичка варијанта, LAZ-699. Во неколку градови во светот може да се забележи тролејбусот ElectroLAZ. ЛАЗ е одбран за превозник на Европското првенство во фудбал во 2012 што ќе се одржи во Украина и Полска. Украинската влада има потпишано договор за 2500 нови автобуси „CityLAZ“ со можно дополнување од уште 800.

Во последно време претпријатието ја проширува производната дејност и во САД, со нова фабрика во Њујорк.

ЛАЗ во Македонија

уреди

Во градот Скопје сообраќаат 80 нископодни автобуси од CITYLAZ 18LF (долж. 18,6 м) како дел од обновениот возен парк на јавниот превозник ЈСП Скопје. Автобусите имаат по 28 седишта и 30 места за стоење, разладен и греен систем, електронски информатор за граѓаните, дигитален тахограф за работа, автоматски менувач и електронска рампа за лица со посебни потреби.[2]

Модели

уреди

Еве список на возилата што се произведуваат во заводот:

  • LEMBERG MB - туристички автобус (шасија на Mercedes-Benz)
  • LEMBERG MAN - туристички автобус (шасија на MAN)
  • NEOLAZ 10 - туристички автобус (шасија на ЛАЗ)
  • NEOLAZ 12 - туристички автобус (шасија на ЛАЗ, 12 м)
  • AEROLAZ 12 - аеродромски автобус со врати од обете страни
  • CITYLAZ 10LE - градски автобус (10 м)
  • CITYLAZ 12LF - нископоден градски автобус (12 м)
  • CITYLAZ 12LE - градски автобус (12 м)
  • CITYLAZ 13.5LF - нископоден градски автобус (13,5 м)
  • CITYLAZ 13.5LE - градски автобус (13,5 м)

  • CITYLAZ 18LF - нископоден градски автобус (17,6 м)
  • CITYLAZ 20LF - нископоден градски автобус (18,6 м)
  • ELECTROLAZ 12 - тролејбус (12 м)
  • ELECTROLAZ 20 - тролејбус (18,6 м)
  • INTERLAZ 10LE - меѓуградски автобус (10 м)
  • INTERLAZ 12LE - меѓуградски автобус (12 м)
  • INTERLAZ 13.5LE - меѓуградски автобус (13,5 м)
  • LINERLAZ CITY - мал градски автобус заснован на LAZ 695, предвиден за украинските патишта
  • LINERLAZ TOUR - мал туристички автобус заснован на LAZ 695, предвиден за украинските патишта

Галерија

уреди

Наводи

уреди
  1. „ТОП - друштвото за управување“. Архивирано од изворникот на 2011-09-16. Посетено на 2011-08-22.
  2. „Промотивно возење на првите 15 украински автобуси во Скопје“. Министерство за транспорт на РМ. 22 февруари 2011. Архивирано од изворникот на 2011-03-01. Посетено на 30 јуни 2011.

Надворешни врски

уреди