Сончева сјајност
Сончева сјајност (симбол: ) — единица сјајност (луминозитет) или зрачен тек (моќ израчена во облик на фотони) во астрономијата со чија помош се утврдува сјајноста на ѕвездите. Една сончева сјајност е еднаква на тековно прифатената сјајност на Сонцето, што изнесува 3,839×1026 W, или 3,839×1033 ерг/с.[2] Ако покрај електромагнетното, го вброиме и неутринското зрачење, вредноста е малку повисока: 3,939×1026 W (еднакво на 4,382×109 кг/с или 2,107×10−15 M☉/d).[3] Сонцето е слаба променлива ѕвезда и затоа неговата сјајност е колеблива. Главните варијации се одвиваат во текот на единаесетгодишниот сончев циклус (циклус на сочевите дамки), што префизвикува периодично колебање од ±0,1%. Сите други варијации во текот на последните 200–300 години се сметаат за многу помали.[3]
Определување
уредиСончевата сјајност е тесноповрзана со сончевата озрачителност (ирадијанса) што се утврдува на Земјата или од сателити во нејзината орбита. Средната озрачителност врз Земјината атмосфера понекогаш се нарекува сончева постојана (константа), . Озрачителноста се дефинира како моќ на единица површина, па затоа сончевата сјајност (вкупна моќ израчена од Сонцето) е озрачителноста што ја прима Земјата (сончевата постојана) помножена со плоштината на сферата чиј полупречник е средното растојание помеѓу Земјата и Сонцето :
каде A е единицата растојание (вредноста на астрономската единица во метри), а k е постојана (чија вредност е мошне блиску до 1), што се должи на тоа што средното растојание од Земјата до Сонцето не изнесува точно една астрономска единица.
Поврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ Ribas, Ignasi (February 2010), „The Sun and stars as the primary energy input in planetary atmospheres“, Solar and Stellar Variability: Impact on Earth and Planets, Proceedings of the International Astronomical Union, IAU Symposium, 264, стр. 3–18, arXiv:0911.4872, Bibcode:2010IAUS..264....3R, doi:10.1017/S1743921309992298
- ↑ Carroll, Bradley W.; Ostlie, Dale A. (2007), An Introduction to Modern Astrophysics, Pearson Addison-Wesley, стр. Appendix A, ISBN 0-8053-0402-9
- ↑ 3,0 3,1 Noedlinger, Peter D., „Solar Mass Loss, the Astronomical Unit, and the Scale of the Solar System“, Celest. Mech. Dynam. Astron., arXiv:0801.3807
Литература
уреди- Sackmann, I.-J.; Boothroyd, A. I. (2003), „Our Sun. V. A Bright Young Sun Consistent with Helioseismology and Warm Temperatures on Ancient Earth and Mars“, Astrophys. J., 583 (2): 1024–39, Bibcode:2003ApJ...583.1024S, doi:10.1086/345408CS1-одржување: повеќе имиња: список на автори (link)
- Foukal, P.; Fröhlich, C.; Spruit, H.; Wigley, T. M. L. (2006), „Variations in solar luminosity and their effect on the Earth's climate“, Nature, 443 (7108): 161–66, doi:10.1038/nature05072, PMID 16971941CS1-одржување: повеќе имиња: список на автори (link)
- Pelletier, Jon D. (1996), „Variations in Solar Luminosity from Timescales of Minutes to Months“, Astrophys. J., 463 (1): L41–L45, doi:10.1086/310049
- Stoykova, D. A.; Shopov, Y. Y.; Ford, D.; Georgiev, L. N.; Tsankov, L. (1999), „Powerful Millennial-Scale Solar Luminosity Cycles and Their Influence Over Past Climates and Geomagnetic Field“, Proceedings of the AGU Chapman Conference: Mechanisms of Millennial Scale Global Climate ChangeCS1-одржување: повеќе имиња: список на автори (link)
Надворешни врски
уреди- Сончева сјајност (англиски)
- LISIRD: Интерактивен центар сончева озрачителност LASP Архивирано на 11 мај 2012 г. (англиски)
- Колебливост на сончевата сјајност Архивирано на 13 ноември 2003 г. (англиски)