Ксенија Пајчин

(Пренасочено од Ksenija Pajčin)

Ксенија Пајчин (српски: Ксенија Пајчин, 3 декември 1977, Белград - 16 март 2010, Белград) — српска пејачка, моден творец и фотомодел.[1]. Ксенија Пајчин е по родум од Босна и Херцеговина.

Ксенија Пајчин
Родена 3 декември 1977
Белград, СР Србија, СФРЈ
Починала 16 март 2010(2010-03-16) (возр. 32)
Белград, Србија
убиство
Националност Србинка
Народност Србинка
Позната пејачка, моден творец и фотомодел
Занимање пеење

Својата кариера ја започнала како танчерка во дискотеки. Понатака, таа станала член на музичката група „The Duck“ и со песната „Дачо, те сакам“ (Дачо, волим те) оваа група ја забележува својата популарност. По напуштањето на групата, Ксенија ја започнува својата соло кариера и станува сопственик на училиште за танцување во Белград.

На 16 март 2010 година, Ксенија Пајчин трагично и мистериозно го завршила својот живот.[2] Таа била пронајдена мртва во својот стан со прострелна влезна и излезна рана во главата и до неа било нејзиното момче Филип Каписода со прострелна рана. Се верува дека се работи за убиство на Ксенија и самоубиство кои ги извршил Филип.[3]

Дискографија

уреди

Албуми

уреди
  • 1997. — -„Too hot to handle“
  • 2001. — -„Еxtreme“
  • 2004. — „Сигурна“
  • 2006. — -„The best of“

Синглови

уреди
  • 2007. - „Вештица“ (Вештерка)
  • 2008. - „Хајде сестро“ феат. Индира Радић (Ајде сестро со Индира Радиќ)
  • 2008. - „Пица“ (Пица)
  • 2009. - „Супица“ феат. Данијел Алибабић (Супа со Даниел Алибабиќ)
  • 2009. - „Фарса“ (Фарса)
  • 2009. - „Брка“ (Брка)

Наводи

уреди
  1. Saša Ž. Milovanović (25 април 2008). „Muškarci i treba da me se plaše“. Balkanmedia. Архивирано од изворникот на 2010-03-22. Посетено на 13 јануари 2010. S obzirom na to da sam rođena 3. decembra 1977. godine i da je u meni trojstvo, ova 2003. bi trebalo da bude godina u kojoj ću biti najjača.
  2. РТС: Ксенија Пајчин и Филип Каписода пронађени мртви
  3. Блиц:Ксенија Пајчин и Филип Каписода пронађени мртви 16 март 2010.

Надворешни врски

уреди