Kool & the Gang
Kool & the Gang ― американска ритам и блуз, соул и фанк-група основана во Џерси Сити во 1964 година. Основачки членови биле: браќата Роберт Бел - Кул и Роналд Бел; Денис Томас - Ди Ти, Роберт Микенс - Спајк, Чарлс Смит, Џорџ Браун, Сер Ерл Тун, Вудро Спароу - Вуди и Рики Вестфилд. Групата често го менувала составот и во текот на постоењето снимале песни од различни музички жанрови, како: џез, ритам и блуз, соул, фанк, диско, рок и поп-музика. Групата неколкупати го сменила името. Откако конечно се одлучиле за името Kool & the Gang, групата потпишала договор со De-Lite Records и го издала првиот албум, Kool and the Gang (1969).
Kool & the Gang | |
---|---|
Kool & the Gang на настап во 2017 | |
Животописни податоци | |
Познат(а) и како |
|
Потекло | Џерси Сити, Њу Џерси, САД |
Жанрови | |
Период на активност | 1964–денес |
Издавачи | |
Мреж. место | koolandthegang.com |
Групата стекнала популарност кај пошироката публика по објавувањето на нивниот четврти албум Wild and Peaceful (1973); албумот ги содржел сингловите „Jungle Boogie“[1] и „Hollywood Swinging“ кои се пласирале во топ-10 на американската топ-листа за синглови. По период на намалена популарност, Kool & the Gang успеале повторно да го достигнат својот врв во периодот од 1979 до 1986 година откако претходно почнале да соработуваат со бразилскиот музичар и продуцент Евмир Деодату (португалски: Eumir Deodato) и по приклучувањето на пејачот Џејмс Тејлор - Џеј Ти во составот. Нивни најуспешни албуми од тој период биле: Ladies' Night (1979), Celebrate! (1980) и Emergency (1984). Emergency, со два милиони продадени примероци бил нивен најпродаван албум во САД. Нивните најпопуларни песни во тој период биле: „Ladies' Night “, „Celebration“, „Get Down on It“, „Joanna“, „Misled“ и „Cherish“. Групата продолжила да одржува концерти низ цел свет, а биле предгрупа на турнејата на Ван Хален во 2012 година и во 2014 година направиле своја светска турнеја по повод 50-годишнината од основањето на групата.
Kool & the Gang освоиле многу музички награди, меѓу кои: две Греми награди и седум Американски музички награди, а во 2006 година добиле „Награда од претседавачот за уметничко достигнување“ од Здружението на музички претприемачи. Групата била применета во Куќата на славните од Њу Џерси, ѝ била доделена наградата „MOBO“ за извонредно достигнување, наградата „Soul Train Legend“, наградата „Маријан Андерсон“, а добиле и своја ѕвезда на Булеварот на славните во Холивуд. Во 2007 година, групата била примена во Куќата на славата на вокалните групи. Во 2018 година, Белс, Браун и Тејлор исто така биле примени во Куќата на славата на текстописците,[2][3][4][5][6] а групата била примена во Куќата на славата на рокенролот во 2024.[7]
Kool & the Gang објавиле 23 студиски албуми и безмалку 70 синглови. Во светски рамки продале 70 милиони албуми.[8]
Членови на групата
уредиСегашни членови
- Роберт „Кул“ Бел – бас, придружен вокал (1964–2020)
- Мајкл Реј – труба, придружен вокал (1979–1991, сесија/турнеја 2007–денес)
- Кертис „Фиц“ Вилијамс – клавијатури, придружни вокали (1982–1988, сесија/турнеја 1995–денес), алт-саксофон (сесија/турнеја 2021–сега)
- Шон „Шони Мек“ Меквилер – вокал, гитара (1991–1995, сесија/турнеја 1995–денес)
Поранешни членови
- Џорџ „Фанки“ Браун – тапани (1964–1998), клавијатури (1989–1993, 1998–2023), перкусии, придружен вокал (1964–2023; починал)
- Денис „Ди Ти“ Томас – алт-саксофон, флејта, придружен вокал (1964–2021; починал)
- Клејдс Чарлс Смит – гитара (1964–2006; починал)
- Роналд Бел – тенор саксофон, клавијатури, придружни вокали (1964–1989, 1992–2020; починал)
- Рики Вест – клавијатури, вокал (1964–1976; починал во 1985 година)
- Роберт „Спајк“ Микенс – труба, придружен вокал (1964–1986; починал во 2010 година)
- Вудроу „Вуди“ Спароу – ритам и главна гитара (1964–1969; починал)
- Лери Гитенс – труба, флугелхорн, придружни вокали, клавијатури (1975–1977, 1986–1988, сесија/турнеја 2000–2013)
- Ота Неш – тромбон (1975–1977; починал 2003 година)
- Кевин Ласитер – клавијатури, вокал (1976–1979)
- Клифорд Адамс – тромбон, придружен вокал (1980–1995; сесија/турнеја 1977–1980, 1995–2015; починал)
- Џејмс „Џ.Т.“ Тејлор – вокал (1979–1988, 1996–1999)
- Сер Ерл Тун – клавијатури, вокал (1979–1982)
- Гери Браун – вокал (1988–1990)
- Сени „Скип“ Мартин – труба, вокал (1988–1995; сесија/турнеја 1995–2007)
- Один Мејс – клавијатури, гитара, вокал (1988–1995)
- Џералд Харис – клавијатури, гитара (1992–1995)
Дискографија
уредиСтудиски албуми
- Kool and the Gang (1969)
- Music Is the Message (1972)
- Good Times (1972)
- Wild and Peaceful (1973)
- Light of Worlds (1974)
- Spirit of the Boogie (1975)
- Love & Understanding (1976)
- Open Sesame (1976)
- The Force (1977)
- Everybody's Dancin' (1978)
- Ladies' Night (1979)
- Celebrate! (1980)
- Something Special (1981)
- As One (1982)
- In the Heart (1983)
- Emergency (1984)
- Forever (1986)
- Sweat (1989)
- Unite (1992)
- State of Affairs (1996)
- Gangland (2001)
- The Hits: Reloaded (2004)
- Still Kool (2007)
- Kool for the Holidays (2013)
- Perfect Union (2021)
- People Just Wanna Have Fun (2023)
Наводи
уреди- ↑ „Jungle Boogie – Kool & the Gang“. AllMusic (англиски). Посетено на June 27, 2019.
- ↑ „Songwriters Hall Of Fame Announces 2018 Inductees – Songwriters Hall of Fame“. Songhall.org. Архивирано од изворникот на May 8, 2018. Посетено на May 8, 2018.
- ↑ Crimmins, Peter (November 13, 2019). „Kool & The Gang's 'Celebration' at the Marian Anderson Award ceremony“. WHYY.
- ↑ „2003 MOBO Awards“. mobo.com. MOBO Awards.
- ↑ „KOOL & THE GANG“. New Jersey Hall of Fame. June 26, 2015.
- ↑ „Kool & The Gang - Music Inductees“ (англиски). The Vocal Group Hall of Fame. Посетено на 2022-01-14.
- ↑ Greene, Andy (22 April 2024). „Cher, Ozzy Osbourne, Dave Matthews Band, Mary J. Blige Lead Rock and Roll Hall of Fame 2024 Class“. Rolling Stone. Посетено на 22 April 2024.
- ↑ „Our Artists: Kool & the Gang“. Warner Chappell Music. Посетено на November 28, 2019.
Надворешни врски
уреди- Матична страница
- & The Gang Kool & the Gang на Discogs (англиски)
- Kool & the Gang на Семрежната филмска база на податоци (англиски)