Ima nade“ (македонски: Има надеж) е песна од хрватската поп пејачка Јелена Розга од нејзиниот втор соло студиски албум Bižuterija (2011). Песната е издадена како шестиот сингл од албумот на 21 март 2010 година. Напишана е од парот Хуљиќ, односно музичарот и продуцент Тончи Хуљиќ и неговата сопруга, поетесата и текстописец Вјекослава Хуљиќ. Аранжманот е завршен од Реми Казиноти, а гостувачки артист е Жељко Самарџиќ. Со цел да ја промовира песната, дуото има снимено музичко видео на пристаниште. Тие исто така ја изведуваат во живо за време на фестивали, а песната има освоено и награда.

„Ima nade“
сингл од Јелена Розга
од албумот Bižuterija
Пуштена21 март 2010
Снимена2008
Жанр
Должина3:34
МаркаКроација Рекордс
Песнописец
Продуцент(и)
Јелена Розга ― синглова хронологија
"Rodit' ću ti 'ćer i sina"
(2009)
"Ima nade"
(2010)
"Bižuterija"
(2010)
Музичко видео
Грешка: Немате укажано назнака на страницата на YouTube

Според текстот, во песната се работи за надежта на протагонистите кои и покрај потешкотиите се надеваат на подобар тек во нивната врска. Поради популарноста, песната е дел од концертите и настапите во живо на пејачката на нејзините регионални пост-југословенски турнеи.