Hell Energy Drink
Hell Energy Drink (стилизирана како HELL, буквално: Пекол) — популарна марка енергетски пијалаци распределени првенствено во Европа и Азија. Марката е основана во 2006 г. од приватна компанија основана во Унгарија, 2004 г., која во 2009 г. го усвоила името Hell Energy Magyarország Kft.[1]
Историја
уредиЗа само три години, Hell Energy станал пазарен водач во Унгарија.[2] Значаен придонес за широката популарност на марката бил двегодишниот спонзорски договор со екипата на AT&T Williams во Формула 1. Со овој договор, Hell Energy станал втората марка во секторот за енергетски пијалаци што се впуштил во светот на трките во Формула 1. Надвор од Унгарија, Hell Energy се воспоставил како пазарен водач во различни земји, вклучувајќи ги Македонија, Бугарија, Романија, Словачка, Кипар, Азербејџан, Грција, Хрватска и Србија.[3][4] Досегот на марката се протега на светско ниво, со достапност во повеќе од 50 земји ширум светот.
За ефикасно да управува со своите дејности, Hell Energy има основано канцеларии во Унгарија, Романија, Обединетото Кралство, Русија и Кипар. Ова стратешко присуство ѝ овозможува на марката да ги усогласи своите дејности и да одржува силно упориште на пазарот на енергетски пијалаци на меѓународно ниво.
Состојки
уредиСодржината на кофеин во една лименка хел е 80 мг/250 мл (32 мг/100 мл). Ова е отприлика исто како една шолја еспресо.[5]
Наводи
уреди- ↑ „A cukorpiactól Bruce Willisig és még tovább – a Hell Energy és a Barabás család“ (унгарски). Magyar Narancs. 15 October 2020. Посетено на 18 May 2021. no-break space character во
|title=
во положба 44 (help) - ↑ „The HELL won the MagyarBrands award this year again“. Trade Magazin. 17 November 2015. Архивирано од изворникот на 5 October 2016. Посетено на 28 August 2019.
- ↑ „Energy for the energy drink“. ABB. 5 November 2015. Посетено на 5 November 2015.
- ↑ Bálint Fabók (27 June 2021). „Hatalmasat nőtt, már harmadik a világpiacon a borsodi energiaital-gyártó“ (унгарски). g7.hu. Посетено на 28 June 2021.
- ↑ „HELL Summer Cool“ (босански). 28 August 2019. Архивирано од изворникот (photography of part of the can with general information, BiH import) на 28 August 2019. Посетено на 28 August 2019.
Надворешни врски
уреди„Hell Energy Drink“ на Ризницата ? |