Ханс Цимер

(Пренасочено од Hans Florian Zimmer)

Ханс Цимер (англиски: Hans Florian Zimmer, роден на 12 септември 1957) — германски филмски композитор и музички продуцент. Тој е познат по создавањето на музиката за преку стотина филмови вклучувајќи ги Кралот Лав (1994), Гладијатор (2000), Последниот самурај (2003), Темниот витез (2008) и Почеток (2010).

Ханс Цимер
Ханс Цимер
Животописни податоци
Родено имеХанс Флоријан Цимер
Роден(а)12 септември 1957
Франкфурт, Германија
ЖанровиФилмска музика
ЗанимањаФилмски продуцент, Музички продуцент
Инструментипијано
Период на активност1977–денес
ИздавачиRemote Control Productions
Мреж. местоhanszimmer.com

Ханс пораснал во Германија и се школувал во Англија, каде завршил во приватното училиште. Уште како дете поседувал во својот дом пијано а краток период бил и на часови, но многу брзо прекратил бидејќи ја мразел дисциплината на формалните лекции[1]. Како тинејџер се преселил во Лондон каде учел во Hurtwood House.[2]

Својата кариера ја започнал компонирајќи на синтисајзер во 1970-тите во групата Krakatoa.[3]. Исто така соработувал и со Buggles, како и со италијанската група Krisma која била формирена во 1976 година.

Во 1980 година, Цимер соработувал со Стенли Маерс, филмски композитор кој компонирал музика за над шеесет филмови, со кој основале студио во Лондон. Тие заедно работеле кон спојување на традиционалниот оркестарски звук со електронските инструменти[4].

Пресвртница во неговата кариера случила со 1988 со филмот Дождовен човек.[4]. По една година ја прифатил понудата компинирајќи ја музиката од филмот Возејќи ја г-ца Дејзи

Наводи

уреди
  1. „MTV biography – Hans Zimmer (in German)“. Архивирано од изворникот на 2013-02-11. Посетено на 2011-09-27.
  2. „Hurtwood House Performing Arts – Hans Zimmer“. Архивирано од изворникот на 2010-02-21. Посетено на 2010-09-27.
  3. Krakatoa at Myspace Music[мртва врска]. Zimmer is second from right. Retrieved 2012-09-18.
  4. 4,0 4,1 „Biography“. Hans Zimmer. Посетено на 2009-06-10.