„Gospe moja“ (македонски: Богородице моја) е песна од хрватската поп пејачка Јелена Розга од нејзиниот дебитантски соло студиски албум Oprosti mala (2006). Песната е издадена како шестиот и последен сингл од албумот во 2007 година. Напишана е од парот Хуљиќ, односно музичарот и продуцент Тончи Хуљиќ и неговата сопруга, поетесата и текстописец Вјекослава Хуљиќ. Аранжманот е завршен од Реми Казиноти. Со цел да ја промовира песната, Розга ја извела во живо во неколку пригоди,вклучувајќи и на неколку фестивали, телевизиски настапи во живо и за време на концерти и свирки. Песната исто така била промовирана преку музичко видео кое ја прикажува пејачката во бел фустан како пее и позира покрај црква. Песната постигнала значаен комерцијален и критички успех и освоила награда.