Клуб за борба (роман)
Оваа статија или заглавие има потреба од викифицирање за да ги исполни стандардите за квалитет на Википедија. Ве молиме помогнете во подобрувањето на оваа статија со соодветни внатрешни врски. |
Оваа статија можеби бара дополнително внимание за да ги исполни стандардите за квалитет на Википедија. Ве молиме подобрете ја оваа статија ако можете. |
Клуб за борби е роман од Чак Паланик 1996. Романот раскажува за искуствата на неименуван протагонист кој страда од несоница. Откако неговиот лекар разлутено ќе му каже дека несоницата не е болест, тој почнува да се претставува во неколку групи за поддршка како личност со сериозни проблеми. Тогаш го запознава Тајлер Дарден и формира таен клуб за борби кој би им служел како радикална психотерапија. Режисерот Дејвид Финчер во 1999 направи филм според овој роман во кој настапуваат Бред Пит и Едвард Нортон. Филмот привлече голем број на обожаватели и покрај финансискиот успех кој беше послаб отколку што беше очекувано. Неговиот углед им донесе уште повеќе слава на Паланик и на романот.
Историја на романот
уредиПаланик добил инспирација за романот по еден настан кој му се случил додека бил на кампување. Иако бил со отоци и со модринки, неговите колеги избегнувале а го прашале што му се случило за време на кампувањето. Клуб за борби е инспирирана од нивното двоумење да прашаат што се случило.
Паланик претходно пробал да го објави неговиот роман Невидливи чудовишта, но бил одбиен од издавачите бидејќи романот бил премногу вознемирувачки. Потоа тој се насочил кон Клуб за борби и имал намера овој роман да го направи уште повознемирувачки. Најпрво Клуб за борби бил објавен како мала приказна од седум страни во состав на Потрага по среќа, но Паланик ја проширил во роман (во кој првичната расказ станала шесто поглавје).
Клуб за борби била повторно издадена во 1999 и 2004, а второто издание вклучува и вовед од авторот за концептот и популарноста на романот и филмот, во кој авторот вели:
…продавниците за книги беа преполни со книги од типот на :Клубот Џој Лак и Божествените тајни на сестринството Ја-Ја. Сите овие романи претставуваа социјален модел за жените да бидат заедно. Но, немаше роман кој ќе претставува нов социјален модел за мажите кои споделуваа нешто од нивните животи.
Понатаму тој објаснува : Јас напишав само една малку изменета верзија на Големиот Гетсби. Тоа e “апостолска” фантастика - каде што еден преживеан апостол ја раскажува приказната за неговиот херој. Има двајца мажи и жена. А едниот од мажите, херојот е целосно уништен.
Оригиналното издание на Клуб за борби беше примено добро од публиката. За книгата беше заинтересирана и критиката а потоа се покажа интерес и за нејзино адаптирање на големото платно. Сценаристите Џим Улс, Огуст Олсен и ко-продуцентите Конор Стрејт и Арон Кари во 1999 му се придружија на режисерот Дејвид Финчер.Филмот не беше толку успешен во кино-благајните, но сепак, се појави огромен број на обожаватели со ДВД изданието и како последица на ова, првичното издание со тврд повез на книгата сега е колекционерски предмет. Писателот во интервјуата рекол дека сè уште му пристапуваат луѓе кои сакаат да знаат каде се наоѓа локалниот клуб за борби, но тој инсистира дека во реалноста нема ваква организација, како што е пишувано во книгата. Сепак, тој имал слушнато за вистински клубови за борби, а некои велат дека такви клубови постоеле уште пред романот. Во романот се спомнуваат и вистински пакости во стилот на клубовите за борби од “келнер од еден од најелитните ресторани во Лондон” кој вели дека ејакулирал во јадењето на Маргарет Тачер. Уште повеќе, Проектот Мејхем е делумно заснован на Какофонското Општество, во кое што и самиот тој е член, но и други настани кои се изведени од приказни кои му биле раскажувани нему.
Културното влијание на Клуб за борби се забележува и во формирањето на клубови за борби од страна на американските тинејџери. Обожавателите на книгата повторувале шеги од типот на мешање на храната кои се документирани во есејот на Паланик “Мајмуните мислат,мајмуните прават”, во книгата Почудно од фантастика : Вистински приказни, и во воведот на изданието на Клуб за борби од 2004. Други обожаватели кои биле поттикнати на други социјални активности, му рекле на Паланик дека книгата ги натерала повторно да се вратат на факултет. Покрај Клуб за борби, само неколку романи на Паланик биле адаптирани на филм, иако од неговиот роман Давење беше направен филм во 2008. Во 2004 од Клуб за борби требаше да се направи музички театар а зад кој стоеја Паланик, Финчер и Трент Резнор.Дилан Јејтс напиша драматична верзија која беше изведена во Сиетл и во Шарлот, Северна Каролина.
Дејство
Во центарот на Клуб за борби се наоѓа анонимен Раскажувач кој работи како специјалист за повлекување на производи од продажба за неименувана компанија за автомобили. Поради стресот од неговата работа и заморот од многуте бизнис патувања, тој почнува да страда од периодична несоница. Кога ќе побара лекување, лекарот на Раскажувачот го советува да посети група за поддршка на луѓе болни од рак на тестисите „за да види што всушност е вистинско страдање”. Раскажувачот сфаќа дека ислушувањето на туѓите проблеми (иако тој самиот нема рак на тестисите) му ја ублажува несоницата.
Необичното лекување на раскажувачот е успешно сè додека не ја запознае Марла Сингер, уште една “туристка” која се претставува лажно и ги посетува групите за поддршка. Марла, која е можно да е пореметена, го потсетува раскажувачот дека е лажго кој не припаѓа таму. Тој почнува да ја мрази Марла бидејќи го спречува да плаче, но и да спие. По една расправија,двајцата се согласуваат да посетуваат различни состаноци на групи за поддршка за да се избегнуваат еден со друг. Ова примирје е тешко и несоницата на Раскажувачот повторно се појавува. Додека Раскажувачот е на нудистичка плажа го запознава Тајлер Дарден, харизматичен, но и мистериозен екстремист. Откако една експлозија ќе му го уништи станот на раскажувачот ,тој го замолува Тајлер да остане во неговиот стан.Тајлер се согласува, но бара нешто за возврат: “Сакам да ме удриш силно колку што можеш“[1]. Двајцата мажи сфаќаат дека уживаат во борбата со тупаници. Потоа се вселуваат заедно и формираат “клуб за борби“ повлекувајќи со тоа безброј мажи со слични темпераменти во борби со голи раце усогласени според следните правила:
1. Не зборуваш за клубот за борби.
2. Не зборуваш за клубот за борби.
3. Koга едниот ќе рече “доста “или ќе почне да куца, борбата е завршена.
4. Во една борба учествуваат само двајца.
5. Не може да има две борби во исто време.
6. Се борат без маици и чевли.
7. Борбите траат колку што треба.
8. Ако ова ти е прва ноќ во клубот, мораш да се бориш.
Понатаму во книгата еден механичар му кажува на Раскажувачот за две нови правила во клубот за борби: дека во центарот на клубот за борби се само оние кои се борат и дека клубот за борби секогаш ќе биде бесплатен.
Марла, којашто забележува дека Раскажувачот не ги посетувал неговите групи за поддршка, му се јавува за да му потврди дека се предозирала со Ксанакс во еден нерешителен обид за самоубиство.Тајлер се враќа од работа и откако Марла, која е под дејство на дрога, се заканува дека ќе се самоубие, ја спасува.Тајлер и Марла завршуваат во една турбулентна афера која го изненадува Раскажувачот и ја збунува Марла. За време на оваа афера, Марла не е свесна ниту за постоењето на клубот за борби, ниту за односот помеѓу Раскажувачот и Талјер. Бидејќи Раскажувачот никогаш не ги гледа Тајлер и Марла во исто време, тој се прашува дали Марла и Тајлер се една иста личност. Додека клубот за борби се шири низ целата земја,Тајлер го користи тоа за да ги шири своите анти-конзумеристички идеи наговарајќи ги членовите на клубот да учествуваат во вешто разработени планови со цел да ѝ наштетат на Америка. На крај тој ги прибира најпосветените членови на клубот и го формира Проектот Мејхем, култна организација која се стреми да ја сруши модерната цивилизација. Како и клубот за борби, и оваа организација се води според некои правила :
1. Нема прашања.
2. Нема прашања.
3. Нема извинувања.
4. Нема лаги.
5. Мораш да му веруваш на Тајлер.
Иако најпрво беше верен учесник на Проектот Мејхем, Раскажувачот станува незадоволен поради разорувачката моќ на неговите активности. Кога Боб, негов пријател од групите за поддршка на болни од рак на тестисите умира за време на една операција за саботажа на Проектот Мејхем, тој решава да ги спречи Тајлер и неговите следбеници во нивните активности. Сепак ,Раскажувачот сфаќа дека тој самиот е Тајлер, Тајлер не е друг човек, туку друг идентитет.
Како што психичката состојба на Раскажувачот се влошува, неговиот ум си создава друга личност која може да ги избегне проблемите во неговиот живот. Марла ненамерно му кажува на Раскажувачот дека тој и Тајлер се една иста личност. Љубовната врска на Тајлер и Марла (која на Раскажувачот не му се допаѓа), всушност е негова врска со Марла. Нападите на несоница на Раскажувачот всушност се надворешноста на Тајлер. Тајлер бил активен секогаш кога Раскажувачот спиел. Личноста Тајлер не само што го создал клубот за борби туку и го уништил станот на Раскажувачот.
Тајлер планира да разнесе облакодер користејќи бомби направени дома до Проектот Мејхем, но всушност вистинската цел на експлозијата е блискиот Национален музеј. Тајлер планира да умре како маченик за време на овој настан, а со тоа и ќе му го одземе и животот на Раскажувачот. Кога ќе го сфати тоа, Раскажувачот решава да го спречи Тајлер, но тој секогаш мисли пред него. Раскажувачот се качува на покривот на една зграда, а Тајлер вперува пиштол кон него. Сепак, кога Марла доаѓа на покривот со една од групите за поддршка, Тајлер исчезнува бидејќи “тој е негова халуцинација, не нејзина “.
Откако Тајлер исчезнува, Раскажувачот чека за бомбата да експлодира и да го убие. Но тоа не се случува бидејќи Тајлер ставил парафин во експлозивот. Држејќи го пиштолот на Тајлер, жив, Раскажувачот ја прави првата негова вистинска одлука: го вперува пиштолот кон себе и се застрелува. По некое време тој се буди во душевна болница и верувајќи дека е во рајот, си замислува разговор со бог за природата на човекот. Книгата завршува кога на Раскажувачот ќе му се приближат неколку вработени во болницата кои му откриваат дека се членови на Проектот Мејхем. Му велат дека нивните планови продолжуваат и дека го чекаат Тајлер да се врати.
Карактери
Раскажувачот Обичен современ вработен човек, специјалист за повлекување на производи од продажба, крајно депресивен и кој страда од несоница. Низ целиот роман Раскажувачот е неименуван.Некои читатели го нарекуваат Џо бидејќи тој цело време го користи ова име во некои изјави, на пример “Јас сум точката на вриење на Џо”. Исказите “Јас сум ______ на Џо” се однесуваат на статиите Исхрана за читателите кои раскажувачот ги читал и во кои човечките органи пишуваат за себе во прво лице, како на пример “Јас сум црниот дроб на Џо”. Во филмот Џо се заменува со Џек и некои читатели така го нарекуваат Раскажувачот. Во романот и во филмот тој користи лажни имиња во групите за поддршка. На неговата потсвест и треба чувство на слобода, тој се чувствува заробен во сопственото тело и кога го запознава Тајлер Дарден, тој почнува во него да ги гледа сите оние квалитети кои тој ги нема, “Ми се допаѓа се околу тајлер Дарден, неговата храброст и неговата интелигенција. Неговата волја. Тајлер е забавен, силен и независен,луѓето го гледаат и очекуваат од него да им го смени светот. Тајлер е способен и слободен, а јас не сум”[2]
Тајлер Дарден
“Поради неговата природа “ Тајлер работи ноќни работи, саботира компании и им наштетува на клиентите. Тој исто така краде остатоци од масно ткиво од клиника за липосукција за да се збогати преку правење на сапун но и за да создаде состојки за производство на бомби што ќе го произведува подоцна, со клубот за борби. Тој е соосновач на клубот за борби бидејќи негова беше идејата за борба која доведе до негово создавање. Подоцна го започнува Проектот Мејхем преку кој тој и неговите членови вршат неколку напади врз потрошуваштвото. Тајлер е рус (ова го дознаваме од коментарите на Раскажувачот)”. Душевно оболениот, но привлечен Тајлер понатаму во романот станува антагонист.
Марла Сингер
Жената која Раскажувачот ја запознава за време на средбите со групите за поддршка. Кога сфаќа дека и Марла ги глуми своите проблеми на состаноците со групите за поддршка, исто како и тој, Раскажувачот повеќе не чувствува подобрување на својата состојба. Откако ги напушта групите, тој повторно ја сретнува кога му таа станува љубовница на Тајлер. Марла е прикажана како премногу валкана и која не се грижи за себеси, а понекогаш е дури и со самоубиствени идеи. Сепак, понекогаш ја покажува и својата понежна страна.
Роберт “Боб” Полсон
Тој е човекот кој Раскажувачот го запознал во групата за поддршка на болни од рак на тестиси. Бидејќи бил поранешен телоградител, Боб добил рак на тестисите поради тоа што користел стероиди за да ги зголеми своите мускули и морал да се подложи на инјекции со тестостерон. Ова довело до зголемување на естроген во неговото тело, тоа предизвикало да му пораснат (како што е опишано во книгата) „Големи цицки” и да му се истенчи гласот. Поради ова, Боб е единствениот член кому му е дозволено да носи маица за време на борбите. Раскажувачот се спријателува со Боб и откако ќе ги напушти групите, повторно ќе го сретне во Клубот. Смртта на Боб за време на извршувањето на една задача за Проектот Мејхем ќе го натера раскажувачот да се сврти против Тајлер бидејќи членовите на Проектот Мејхем овој настан го гледаат како ситница наместо како трагедија.
Ангелско Лице
Човек кој му се придружил на Клубот за борби. Тој е верен член на Проектот Мејхем, кој се смее на вандализмот кој тој и групата “вселенски мајмуни” го прават откако нивните бељи ќе се појават на вести. Ангелско Лице го добил прекарот бидејќи бил многу убав. Русокосиот убавец претрпува ѕверски ќотек од Раскажувачот за време на една средба на Клубот за борби а Раскажувачот вели дека “сакал да уништи нешто убаво”. Кога понатаму во книгата се споменува Ангелско Лице, се вели дека “не е толку убав како порано”.
Мотиви
На две места во романот, раскажувачот вели дека “сака да си го избрише газот со Мона Лиза” ; еден механичар кој подоцна му се придружува на Клубот исто така го повторува ова. Овој мотив ја покажува неговата желба за хаос, која понатаму е уште поизразена со неговата силна желба “да уништи нешто убаво”.Понатаму тој вели : “ништо не е вечно. Дури и Мона Лиза се распаѓа”. Специјалистот по литература Пол Кенет од Универзитетот во Калгари тврди дека оваа желба за хаос е резултат на Едипов комплекс, бидејќи Раскажувачот, Тајлер и механичарот чувствуваат одвратност кон нивните татковци. Ова најубаво е прикажано во една сцена во која се појавува механичарот : Механичарот вели: “Ако си маж и ако си христијанин и ако живееш во Америка, тогаш твојот симбол за Бог е твојот татко.А ако никогаш не си го запознал татко ти, ако е во затвор, ако е мртов или ако никогаш не е дома, што мислиш тогаш за Бог ?”
...
А Тајлер сфати дека да се привлече вниманието на Бог поради тоа што си лош е подобро отколку да не добиеш никакво внимание. Можеби бидејќи омразата на Бог е подобра отколку Неговата рамнодушност. Кога би можел да избираш да бидеш најголемиот непријател на Бог или ништо, што би одбрал? Според Тајлер, сите сме деца на Бог, но немаме ниту посебно место во историјата ,ниту ни се посветува посебно внимание. Ако не го привлечеме вниманието на Бог, немаме надеж ниту за проклетство, ниту за спасение. Што е полошо, пеколот или ништо? Само ако нè фатат и нè казнат можеме да се спасиме. “Изгори го Лувр!” извика механичарот “И избриши си го газот со Мона Лиза. Барем така Бог ќе ни ги знае имињата”.
Кенет понатаму вели дека Тајлер сака да го искористи хаосот за да ја смени историјата за да можат “Децата на Бог” да имаат некакво историско значење, без разлика дали ќе биде “проклетство или спасение”.
По читањето на статиите Исхрана за читателите во кои зборуваат внатрешните органи на човек кој се вика Џо, раскажувачот почнува да користи слични цитати при опишувањето на неговите чувства, често заменувајќи ги органите со чувства и работи кои се присутни во неговиот живот. (Јас сум насмеаната одмазда на Џо итн).
Шефот на раскажувачот најпрво носи вратоврска во небесно сина боја а подоцна се спомнува дека и очите на шефот имаат иста боја. Оваа боја Паланик ја споменува за првпат во оваа книга.
Изолационизмот насочен кон материјалните нешта е тема која е присутна низ целиот роман. Тајлер вели дека треба да се уништи нашата суета, бидејќи само така ќе се пронајдеме самите себеси. ”Повеќе нема да се потпирам на мојата физичка сила и на она што го поседувам” прошепоти Тајлер, “бидејќи само ако се уништам себеси можам да ја откријам најголемата моќ на мојот дух”.
Теми
Романот кажува за тоа колку мажи кои живеат во ова модерно општество се незадоволни од мажественоста. Карактерите од романот жалат што повеќето од нив биле одгледани од нивните мајки бидејќи нивните татковци или ги напуштиле или се развеле од мајките. Како резултат на тоа, тие се гледаат себеси како “Генерација на мажи одгледани од жени” кои во своите животи немале маж кој ќе им служи како пример и кој ќе им помогне да ја оформат нивната мажественост. Ова се вклопува и со темата за анти-конзуматорска култура бидејќи мажите во романот го имаат она чувство за гнездо направено од производи на ИКЕА поради феминзацијата на мажите во матријархалната култура. Темата за анти-конзуматорската култура е премногу наметнувана од Раскажувачот и неговата воодушевеност од она што го набавил за својот стан ”Купуваш мебел.си велиш, ова е последната софа која ќе ми притреба во животот. Неколку години откако ќе ја купиш си среќен бидејќи што и да се случи, барем си го решил проблемот со софата. Потоа вистинскиот прибор за јадење. Па совршениот кревет. Завесите. Килимот. Потоа си заробен во твоето преубаво гнездо и работите кои порано ти си ги поседувал, сега те поседуваат тебе.”
Професорот Џес Кавадо од Универзитетот Св. Луј во Меривил во една литературна колумна во весникот Stirrings Still вели дека проблемот на раскажувачот е самиот тој. Тој исто така вели дека Паланик користи егзистенцијализам за да ги прикрие примесите на феминизам во роман кој е наменет за машката популација.
Паланик дава поинакво објаснување за темите во романот, вели дека сите негови книги се за некоја осамена личност која гледа на каков било начин да се зближи со други луѓе.
Пол Кенет вели дека раскажувачот ги користи борбите како начин на кој може да се направи себеси “сам свој шеф” бидејќи борбите со Тајлер се борби со самиот себеси и бидејќи се бори со себеси пред неговиот шеф во хотелот. Тој вели дека овие борби ја претставуваат борбата на еден пролетер кој е во рацете на една поголема капиталистичка моќ и докажувајќи се себеси како способен да ја има истата моќ, тој станува свој господар. Подоцна, кога ќе се формира Клуб за борби, учесниците се слично облечени што им дозволува да се борат со самите себеси во клубот и да ја добијат истата моќ.
Во меѓувреме, Кенет вели дека Тајлер станува носталгичен поради патријархалната моќ која го контролира и го создава Проектот Мејхем.Бидејќи е главен во Проектот Мејхем, Тајлер ја користи неговата моќ за да стане “Бог” на “вселенските мајмуни” кои пак се другите членови на Проекот Мејхем.Според Кенет, ова е парадокс, бидејќи Тајлер го отфрла тврдењето дека мажите сои сакаат да се ослободат од фигурата на авторитативен татко се само-актуелизираат дури откако самите ќе станат татковци. Оваа нова филозофија ја завршува раскажувачот со тоа што го елиминира Тајлер, со тоа дозволувајќи му самиот да си одлучи за неговата слобода. Улицата Пејпер на која живее Тајлер, всушност е улица која постои само на хартија, но не и во реалноста. Јоханес Хел вели дека со тоа што Паланик го опишал раскажувачот како месечар, сака да ги истакне опасните, но и предизвикувачки можности во животот. Хел укажува дека значењето на месечарењето на Раскажувачот и неговата беда имаат силно влијание врз читателите кои се соочуваат со истиот проблем бидејќи, колку и да звучи чудно, со овој роман тие, на некој начин сфаќаат дека работите можат да бидат полоши, всушност,многу полоши.