Fibrobacteres
Fibrobacteres | |
---|---|
Научна класификација | |
Домен: | Bacteria |
Колено: | Fibrobacteres Garrity и Holt 2012 |
Класи | |
Fibrobacteres е мало бактериско колено кое вклучува многу видови бактерии кои живеат во бурагот (предниот желудник) на преживарите. Тие учествуваат во процесот на разложување на целулозата од растителниот материјал. Членовите на ова колено порано биле категоризирани во други колена, на пример, родот Fibrobacter (единствениот род на Fibrobacteres) бил отстранет од родот Bacteroides во 1988 година.[1]
Филогенија и компаративни геномски студии
уредиИако Fibrobacteres, кое се состои само од еден род Fibrobacter и два вида, моментално е признаено како посебно колено, филогенетските студии засновани на секвенци на белковините RpoC и гираза B, укажуваат на тоа дека видот Fibrobacter succinogenes е сроден со видовите на колената Bacteroidetes и Chlorobi.[2] Видовите од овие три колена се гранаат на иста позиција врз основа на CSIs (анг. conserved signature indels) во голем број на важни белковини.[3] Што е најважно, компаративни геномски студии откриле две CSIs (5-7 аминокиселини вметнати во RpoC белковини и 13-16 аминокиселини вметнати во серин хидроксиметилтрансфераза) и една специфичка белковина (PG00081) кои уникатно се споделени од сите видови на овие три колена.[4] Овие резултати даваат убедливи докази дека видовите на трите колена имаат заеднички предок и предложено е тие да бидат групирани во суперколеното "FCB".
Таксономија
уредиМоментално прифатената таксономија се заснова на Списокот на имиња на прокариотите со евиденција во номенклатурата (анг. List of Prokaryotic names with Standing in Nomenclature - LPSN),[5] Националниот центар за биотехнолошки информации (анг. National Center for Biotechnology Information - NCBI)[6] и 16S рРНК-заснованото LTP ослободување 123 од Проектот "Животно дрво на сите видови" (анг. The All-Species Living Tree Project).[7]
- Класа "Chitinispirillia" ♠ Sorokin et al. 2016
- Ред "Chitinispirillales" Sorokin et al. 2016
- Фамилија "Chitinispirillaceae" ♠ Sorokin et al. 2016
- Род "Chitinispirillum" ♠ Sorokin et al. 2016
- Вид "Chitinispirillum alkaliphilum" ♠ Sorokin et al. 2016
- Род "Chitinispirillum" ♠ Sorokin et al. 2016
- Фамилија "Chitinispirillaceae" ♠ Sorokin et al. 2016
- Ред "Chitinispirillales" Sorokin et al. 2016
- Класа Chitinivibrionia Sorokin et al. 2014
- Ред Chitinivibrionales Sorokin et al. 2014
- Фамилија Chitinivibrionaceae Sorokin et al. 2014
- Род Chitinivibrio Sorokin et al. 2014
- Вид Chitinivibrio alkaliphilus Sorokin et al. 2014
- Род Chitinivibrio Sorokin et al. 2014
- Фамилија Chitinivibrionaceae Sorokin et al. 2014
- Ред Chitinivibrionales Sorokin et al. 2014
- Класа Fibrobacteria Spain et al. 2012
- Ред "Candidatus Fibromonadales" ♠ Abdul Rahman et al. 2016
- Фамилија "Candidatus Fibromonadaceae" ♠ Abdul Rahman et al. 2016
- Род "Candidatus Fibromonas" ♠ Abdul Rahman et al. 2016
- Вид "Candidatus Fibromonas termitidis" ♠ Abdul Rahman et al. 2016
- Род "Candidatus Fibromonas" ♠ Abdul Rahman et al. 2016
- Фамилија "Candidatus Fibromonadaceae" ♠ Abdul Rahman et al. 2016
- Ред Fibrobacterales Spain et al. 2012
- Фамилија Fibrobacteraceae Spain et al. 2012
- Род Fibrobacter Montgomery et al. 1988
- Вид F. intestinalis Montgomery et al. 1988
- Вид F. succinogenes (Hungate 1950) Montgomery et al.. 1988
- Подвид F. s. elongatus Montgomery et al. 1988
- Подвид F. s. succinogenes (Hungate 1950) Montgomery et al. 1988
- Род Fibrobacter Montgomery et al. 1988
- Фамилија Fibrobacteraceae Spain et al. 2012
- Ред "Candidatus Fibromonadales" ♠ Abdul Rahman et al. 2016
Забелешки: ♠ Видови кои се наоѓаат во NCBI, но не се наведени во LSPN.
Распространетост
уредиКоленото Fibrobacteres се смета дека е сродно со CFB [Cytophaga-Flavibacterium-Bacteroides]. Единствениот род во ова колено е Fibrobacter кој содржи видови од цревната микрофлора на цицачи како добитокот и свињите.[8] Двата опишани вида од овој род, Fibrobacter succinogenes и Fibrobacter intestinalis се важни членови на фибролитичките микробни заедници во цревата на цицачите.
Молекуларните докази засновани на гени на 16S рРНК изолирани од различни средини укажуваат на тоа дека ова колено е повеќе распространето отколку што порано се мислело.[9][10] Повеќето клонови изолирани од цицачите се групираат заедно со познатите изолати во Fibrobacteres потколено 1. Членовите на Fibrobacteres потколено 2, досега се пронајдени само во цревата на термитите[11] и во некои лебарки.[12] Доминантноста на Fibrobacteres потколено 2 во бактериските заедници кои разградуваат целулоза во цревата на термитот Nasutitermes corniger укажува на тоа дека тие играат важна улога во разградбата на растителниот материјал кај термитите.[13]
Поврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ „Transfer of Bacteroides succinogenes (Hungate) to Fibrobacter gen. nov. as Fibrobacter succinogenes comb. nov. and description of Fibrobacter intestinalis sp. nov“. Int. J. Syst. Bacteriol. 38 (4): 430–435. 1988. doi:10.1099/00207713-38-4-430.
- ↑ Gupta, R. S. (2004). „The phylogeny and signature sequences characteristics of Fibrobacteres, Chlorobi, and Bacteroidetes“. Critical Reviews in Microbiology. 30: 123–140. doi:10.1080/10408410490435133. PMID 15239383.
- ↑ Griffiths, E; Gupta, RS (2001). „The use of signature sequences in different proteins to determine the relative branching order of bacterial divisions: evidence that Fibrobacter diverged at a similar time to Chlamydia and the Cytophaga- Flavobacterium-Bacteroides division“. Microbiology. 147: 2611–22. doi:10.1099/00221287-147-9-2611. PMID 11535801.
- ↑ Gupta, R. S.; Lorenzini, E. (2007). „Phylogeny and molecular signatures (conserved proteins and indels) that are specific for the Bacteroidetes and Chlorobi species“. BMC Evolutionary Biology. 7: 71. doi:10.1186/1471-2148-7-71. PMC 1887533. PMID 17488508.
- ↑ J.P. Euzéby. „Fibrobacteres“. List of Prokaryotic names with Standing in Nomenclature (LPSN). Посетено на 2016-06-05.
- ↑ Sayers; и др. „Fibrobacteres“. National Center for Biotechnology Information (NCBI) taxonomy database. Посетено на 2016-06-05.
- ↑ 'The All-Species Living Tree' Project.„16S rRNA-based LTP release 123 (full tree)“ (PDF). Silva Comprehensive Ribosomal RNA Database. Архивирано од изворникот (PDF) на 2016-09-16. Посетено на 2016-06-05.
- ↑ Qi, M. and Nelson, K.E. and Daugherty, S.C. and Nelson, W.C. and Hance, I.R. and Morrison, M. and Forsberg, C.W. (2005). „Novel molecular features of the fibrolytic intestinal bacterium Fibrobacter intestinalis not shared with Fibrobacter succinogenes as determined by suppressive subtractive hybridization“. Journal of Bacteriology. 187 (11): 3739–3751. doi:10.1128/jb.187.11.3739-3751.2005. PMC 1112041. PMID 15901698.CS1-одржување: повеќе имиња: список на автори (link)
- ↑ McDonald, JE; Lockhart, RJ; Cox, MJ; Allison, HE; McCarthy, AJ (2008). „Detection of novel Fibrobacter populations in landfill sites and determination of their relative abundance via quantitative PCR“. Environmental Microbiology. Wiley Online Library. 10 (5): 1310–1319. doi:10.1111/j.1462-2920.2007.01544.x. PMID 18266756.
- ↑ Hongoh, Y. and Deevong, P. and Hattori, S. and Inoue, T. and Noda, S. and Noparatnaraporn, N. and Kudo, T. and Ohkuma, M. (2006). „Phylogenetic diversity, localization, and cell morphologies of members of the candidate phylum TG3 and a subphylum in the phylum Fibrobacteres, recently discovered bacterial groups dominant in termite guts“. Applied and Environmental Microbiology. Am Soc Microbiol. 72 (10): 6780–6788. doi:10.1128/aem.00891-06. PMC 1610327. PMID 17021231.CS1-одржување: повеќе имиња: список на автори (link)
- ↑ Mikaelyan, A.; Dietrich, C.; Köhler, T.; Poulsen, M.; Sillam-Dussès, D.; Brune, A. (2015). „Diet is the primary determinant of bacterial community structure in the guts of higher termites“. Molecular Ecology. 24 (20): 5824–5895. doi:10.1111/mec.13376. PMID 26348261.
- ↑ Mikaelyan, A.; Köhler, T.; Lampert, N.; Rohland, J.; Boga, H.; Meuser, K.; Brune, A. (2015). „Classifying the bacterial gut microbiota of termites and cockroaches: A curated phylogenetic reference database (DictDb)“. Systematic and Applied Microbiology. 38: 472–482. doi:10.1016/j.syapm.2015.07.004.
- ↑ Mikaelyan, A.; Strassert, J.; Tokuda, G.; Brune, A. (2014). „The fibre-associated cellulolytic bacterial community in the hindgut of wood-feeding higher termites (Nasutitermes spp.)“. Environmental Microbiology. 16 (9): 2711–2722. doi:10.1111/1462-2920.12425.
Надворешни врски
уреди- Systema Naturae 2000 Classification: Phylum Fibrobacteres Архивирано на 14 март 2006 г. (англиски)