Источноафрикански црн носорог

(Пренасочено од Diceros bicornis michaeli)
Источноафрикански црн носорог
Научна класификација
Царство: Животни
Колено: Хордати
Класа: Цицачи
Ред: Perissodactyla
Семејство: Rhinocerotidae
Род: Diceros
Вид: D. bicornis
Подвид: D. b. michaeli
Триномен назив
Diceros bicornis michaeli
Zukowsky, 1965

Источноафрикански црн носорог (Diceros bicornis michaeli) познат и само како источен црн носорог е под вид на црниот носорог. Ова животно се наоѓа на списокот на критично загрозени видови на МСЗП. Бројот на единки е драстично намален како реултат на прекумерниот лов поради неговиот рог.


Каракеристики

уреди

Источниот црн носорог се разликува од јужните подвидови по неговиот подолг, потенок и закривен рог. Diceros bicornis michaeli се смета за поагресивен од останатите три подвида на црниот носорог. Најчесто живеат во планинските шуми и саваните.

Популација

уреди

Во минатото бил распространет низ териториите на Етиопија, Судан, Сомалија, Танзанија, Кенија и Уганда. Денес го има само во северна Танзанија и Кенија, каде ѓивее 86,3% од преостанатата популација. Во последните три генерации има намалување на бројноста од 90%, но засега популацијата во Кенија се смета за стабилна. Со проценките направени во 2001 година, се претпоставува дека во дивината има 498 носорози од овој подвид. Најголема закана за овие животни е нелегалниот лов поради нивните рогови.


Надворешни врски

уреди