Криејтив комонс

(Пренасочено од Creative Commons)

Криејтив комонс (анг. Creative Commons, CC) — непрофитна организација со седиште во Сан Франциско, САД посветена на креативни дела достапни за други легално да ги користат, преработуваат и споделуваат.[1] Организацијата има издадено неколку авторски лиценци познати како Криејтив комонс лиценци бесплатно за јавноста. Овие лиценци им овозможуваат на творците да соопштат кои права ги задржуваат, а од кои се одрекуваат во полза на корисниците и другите творци. Се дава лесно разбирливо објаснување за правата сместено на една страница, со придружни ликовни симболи, кое ги појаснува подробностите за секоја Криејтив комонс лиценца. Оваа едноставност е карактеристична за Криејтив комонс и таа го разликува од обичното авторско задржување на сите права. Криејтив комонс е измислен за да создаде пофлексибилен правен модел, заменувајќи го „сите права задржани“ со „некои права задржани“. Википедија се вбројува меѓу најпознатите примери за веб-проект кој користи таква лиценца.

Криејтив комонс
Creative Commons logo
ОсновачиЛоренс Лесиг
ТипНепрофитна организација
Основана2001
СедиштеСан Франциско
 САД
ЗадршкаПроширување на „разумно“ и флексибилно авторско право
МетодКриејтив комонс лиценци
Мреж. местоhttp://creativecommons.org/

Организацијата е основана во 2001 г. од Лари Лесиг, Хал Абелсон и Ерик Елдред[2] со поддршка од Центарот за јавна сопственост. Првиот збир лиценци е издаден во декември 2002.[3] Се проценува дека во 2008 имало 130 милиони дела заведени под Криејтив комонс лиценца.[4] Со Криејтив комонс раководи одбор на директори и технички советодавен одбор. Моментален претседател на одборот е Естер Војчицки, наставник по новинарство од Паоло Алто, САД. Многуимна го имаат прифатено Криејтив комонс како начин творците на содржини да добијат конрола врз начинот на којшто ја споделуваат нивната интелектуална сопственост. Некои го критикуваат дека Криејтив комонс не пружа доволно слобода, и дека лиценцирањето треба да се олабави уште повеќе.

Задача и влијание

уреди

Криејтив комонс се смета за предводник на движењето „авторско лево“ (копилефт), кое се стреми да ја поддржува изградбата на што побогата јавна сопственост (јавна сопственост) овозможувајќи алтернатива на автоматското авторско право кое наложува задржување на сите права, која гласи „некои права задржани“.[5] Дејвид Бери и Гајлс Мос на Криејтив комонс му го припишуваат поттикот на интерес за проблематиката на интелектуалната сопственост како и за значајниот придонес кон преиспитувањето на улогата на заедничката ризница (commons, „комонс“) во епохата на информациите. Покрај ова, Криејтив комонс овозможува и „институционална, практична и правна поддршка на поединци и групи кои сакаат послободно да експериментираат и општат со културата“[6]

Криејтив комонс работи против она што организацијата фо смета за сè поограничувачка „култура на дозволување“. Според основачот на Криејтив комонс Лоренс Лесиг, ова е „култура во која авторите можат да творат само со дозвола од моќниците или творците од минатото“.[7] Лесиг смета дека во современата култура доминираат традиционални дистрибутери на содржини, и тоа со цел да се одржи и зајакне нивниот монопол на културните производи како популарната музика и филм. Но затоа Криејтив комонс овозможува алтернативи на овие ограничувања.[8][9]

Раководство

уреди
 
Семинар на Криејтив комонс Јапонија во Токио, 2007 г.

Моменталниот главен извршен директор на Криејтив комонс е Џои Ито.[10]Мајк Врскасвејер е заменик-претседател, Џон Вилбенкс е потпретседател за наука, а Ахраш Бисел е извршен директор на ccLearn.[10]

Одбор

уреди

Составот на сегашниот одбор на Криејтив комонс е следниов: Хал Абелсон, Глен Отис Браун, Мајкл Керол, Катерина Фејк, Дејвис Гугенхајм, Џои Ито, Лоренс Лесиг, Лори Расин, Ерик Залцман, Моли Шафер Ван Хаувелинг, Џими Велс и Естер Војчицки (претседател).[11]

Технички советодавен одбор

уреди

Техничкиот советодавен одбор (Technical Advisory Board) брои пет члена: Хал Абелсон, Бен Адида, Барбара Фокс, Дон Мекгаверн и Ерик Милер. Хал Абелсон воедно членува и во одборот на Криејтив комонс.[11]

Ревизиона комисија

уреди

Криејтив комонс има и Ревизиона комисија (Audit Committee), составена од два члена: Моли Шафер Ван Хаувелинг и Лоренс Лесиг. Двајцата се членови на одоборот на Криејтив комонс.[11]

Видови на Криејтив комонс лиценци

уреди
„Сакате ли да работиме задно?“
Мајер и Бетл објаснуваат што е Криејтив комонс.

Криејтив комонс има шест главни лиценци:[12]

  • Наведи извор (Attribution, скр. CC-BY)
  • Наведи извор Сподели под исти услови (Attribution Share Alike, скр. CC-BY-SA)
  • Наведи извор Без адаптирани дела (Attribution No Derivatives, скр. CC-BY-ND)
  • Наведи извор Некомерцијално (Attribution Non-Commercial, скр. CC-BY-NC)
  • Наведи извор Некомерцијално Сподели под исти услови (Attribution Non-Commercial Share Alike, скр. CC-BY-NC-SA)
  • Наведи извор Некомерцијално Без адаптирани дела (Attribution Non-Commercial No Derivatives, скр. CC-BY-NC-ND)

Криејтив комонс има четири главни услови: Наверди извор (BY) - бара наведување на изворниот автор; Сподели под исти услови (SA) - за изведени (адаптирани) дела под иста или слична лиценца (подоцнежна или локализирана верзија); Некомерцијално (NC) - наложува делото да се користи само за недоходовни цели; и Без адаптирани дела (ND) - што дозволува да се корсити само тоа изворно дело, без создавање на негови адаптации (изведени дела).[12]

Според сегашните верзии, сите Криејтив комонс лиценци го даваат „основното право“ на редистрибуција на дело за некомерцијални цели без негово менување. Со примена на можностите NC и ND делото станува неслободно.

Покрај ова, има и дополнителни можности како CC0, т.е. „Без задржани права“.[13] За софтвер Криејтив комонс нуди три вида лиценца: BSD лиценца, CC ГНУ НОЈЛ (LGPL), и CC ГНУ ОЈЛ (GPL).[14][15]

Употреба на Криејтив комонс лиценци во разни проекти

уреди

Криејтив комонс има свое вики што служи како попис на сите содржини за сите организации и проекти што користат Криејтив комонс лиценци.[16] На мрежната страница Криејтив комонс исто така дава случаи за проучување - проекти кои користат нивни лиценци од најразлични земји во светот.[17] До содржини со Криејтив комонс лиценци се доаѓа и преку разни пописи на содржини и пребарувачи.

Creative Commons International

уреди
 
  локализирани лиценци
  во фаза на локализација

Првичните нелокализирани лиценци се предвидени за американскиот правен систем, така што содржината не е соодветна и применлица според правните норми на разни други земји. Како решение на ова постои Creative Commons International, со кој се прилагодени лиценците за да одговараат на секој локален правен сисем посебно. Во декември 2008 тука се вбројувале 50 лиценци локализирани по држави, со уште 8 во фаза на локализација, и други земји заинтересирани за пристапување.[18]

Поврзано

уреди

Белешки

уреди
  1. (ЧПП за Криејтив комонс)
  2. „The Public Domain, James Boyle“. Архивирано од изворникот на 2012-02-13. Посетено на 2010-2-5. Проверете ги датумските вредности во: |accessdate= (help)
  3. „History of Creative Commons“. Архивирано од изворникот на 2012-02-13. Посетено на 2009-11-08.
  4. „History of Creative Commons“. Архивирано од изворникот на 2012-02-13. Посетено на 2010-02-05.
  5. Broussard, Sharee L (септември 2007). „The copyleft movement: creative commons licensing“. Communication Research Trends. Архивирано од изворникот на 2012-07-10. Посетено на 2010-04-01.
  6. „Бери и Мос 2005“. Архивирано од изворникот на 2008-12-05. Посетено на 2010-04-01.
  7. Lessig, Lawrence (2004). Free Culture (PDF). New York: Penguin Press. стр. 8.
  8. Ermert, Monika (2004). „Germany debuts Creative Commons“. Register. 1: e9. doi:10.1371/journal.pbio.0000009.
  9. Lessig, Lawrence (2006). „Lawrence Lessig on Creative Commons and the Remix Culture“. Talking with Talis. Архивирано од изворникот (mp3) на 2008-02-05. Посетено на 2006-04-07.
  10. 10,0 10,1 „People - Creative Commons“. Посетено на 2009-07-20.
  11. 11,0 11,1 11,2 „Board of Directors - Creative Commons“. Посетено на 2009-09-30.
  12. 12,0 12,1 „Licenses - Creative Commons“. Архивирано од изворникот на 2011-01-06. Посетено на 2009-07-20.
  13. „About CC0 — "No Rights Reserved". Посетено на 2009-07-20.
  14. „Creative Commons GNU LGPL“. Архивирано од изворникот на 2009-06-22. Посетено на 2009-07-20.
  15. „Creative Commons GNU GPL“. Архивирано од изворникот на 2009-06-22. Посетено на 2009-07-20.
  16. „Content Directories“. creativecommons.org. Посетено на 2009-04-24.
  17. Криејтив комонс - Случаи за проучување
  18. project

Наводи

уреди

Надворешни врски

уреди