Конопи

семејство растенија
(Пренасочено од Cannabaceae)
Конопи
Обичен коноп (Cannabis sativa)
Научна класификација
Царство: Растенија
Нерангирано: Скриеносеменици
Ред: Розовидни
Семејство: Конопи
Martynov[1][2]
Родови

во текстот

Конопи (науч. Cannabaceae) — мало семејство на цветни растенија со околу 170 видови во 11 родови. Тука спаѓаат конопот (Cannabis), хмељот (Humulus) и копривка (Celtis). Од нив, копривката е неспоредливо најголем род, со околу 100 вида.[1]

Со исклучок на заедничкото еволутивно потекло, членовите на ова семејство немаат многу заеднички особини.

Опис

уреди

Растението од ова семејство можат да бидат дрва (на пр. копривката), исправени билки (на пр. конопот) или повивни ползавци (на пр. хмељот).[1]

Листовите се релативно дланчесто задлабени или дланчесто сложени. Секогаш имаат прилисници и цистолити, а некои членови имаат млечници (латицифери).

Многу од конопите се дводомни (посебни машки и женски растенија). Цветовите се зрачно симетрични и не се истакнати, бидејќи овие растенија се опрашуваат со ветерот. Како приспособување за вавквото опрашување, чашкините ливчиња се кратки и немаат венечни листови. Цветовите се групирани во чадорчиња. Машките соцветија се долги и личат на метлички, додека пак женските се пократки и имаат помалку цветови. Толчникот е сочинет од две стпоени прости толчничиња. Плдницата е обично издадена и еднокоморна. Бројот на прашници се разликува кај разни растенија.

Плодот може да биде семче или јатка.

Родови

уреди
 
Обичен хмељ (Humulus lupulus

Семејството ги опфаќа следниве родови:[3]

Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 1,2 Stevens, P.F. (2001-) "Cannabaceae", Angiosperm Phylogeny Website посет. 25 февруари 2014 г
  2. Sytsma, Kenneth J.; Morawetz, Jeffery; Pires, J. Chris; Nepokroeff, Molly; Conti, Elena; Zjhra, Michelle; Hall, Jocelyn C. & Chase, Mark W. (2002), „Urticalean rosids: circumscription, rosid ancestry, and phylogenetics based on rbcL, trnL-F, and ndhF sequences“, American Journal of Botany, 89 (9): 1531–1546, doi:10.3732/ajb.89.9.1531, PMID 21665755
  3. Stevens, P.F. (2001-) "Cannabaceae Genera", Angiosperm Phylogeny посет. 25 февруари 2014 г

Надворешни врски

уреди