Зелковидни
вид растенија
(Пренасочено од Brassicales)
Зелковидни | |
---|---|
Песји лук (Alliaria petiolata) фам. Зелки | |
Научна класификација | |
Царство: | Растенија |
Нерангирано: | Скриеносеменици |
Нерангирано: | Евдикоти |
Нерангирано: | Розиди |
Ред: | Зелковидни Bromhead |
Фамилии | |
See text. |
Зелковидните (науч. Brassicales) се ред на цветни растенија од групата еврозиди II на дикотиледонските растенија според системот APG II. Заедничка особина на сите негови членови е тоа што прават соединенија на гликозинолат (синапово масло). Во некои класификации, редот се нарекува Capparales.[1]
Во редот спаѓаат следниве фамилии[2]:
- фамилија Akaniaceae
- фамилија Bataceae - грмушки од Америка и Австралазија отпорни на сол
- фамилија Brassicaceae (Зелки) - синап и зелка) (може да ги вклучува и Cleomaceae)
- фамилија Capparaceae (лубеничарки, понекогаш во Brassicaceae)
- фамилија Caricaceae (Папаи)
- фамилија Gyrostemonaceae
- фамилија Koeberliniaceae
- фамилија Limnanthaceae
- фамилија Moringaceae - тринаесет видови на дрва од Африка и Индија
- фамилија Pentadiplandraceae
- фамилија Resedaceae (Резеди)
- фамилија Salvadoraceae
- фамилија Setchellanthaceae
- фамилија Tovariaceae
- фамилија Tropaeolaceae (Латинки)
Во постариот Кронквистов систем, Зелковидните се нарекувале Capparales и се вбројувале во „Dilleniidae“ и влегувале само фамилиите Brassicaceae и Capparaceae (како засебни фамилии), Tovariaceae, Resedaceae и Moringaceae. Другите таксони биле сместени во други редови.
Наводи
уреди- Група за истражување на филогенијата на скриеносемените растенија (APG) (2003): An update of the Angiosperm Phylogeny Group classification for the orders and families of flowering plants: APG II. Botanical Journal of the Linnean Society 141(4): 399-436. doi:10.1046/j.1095-8339.2003.t01-1-00158.x PDF fulltext Архивирано на 12 септември 2019 г.
- Haston, E.; Richardson, J.E.; Stevens, P.F.; Chase, M.W. & Harris, D.J. (2007): A linear sequence of Angiosperm Phylogeny Group II families. Taxon 56(1): 7-12. HTML abstract
- Hall, J.C.; Sytsma, K.J. & Iltis, H.H. (2002): Phylogeny of Capparaceae and Brassicaceae based on chloroplast sequence data. Am. J. Bot. 89(11): 1826-1842. PDF fulltext Архивирано на 17 декември 2008 г.
- Hall, J.C.; Iltis, H.H. & Sytsma, K.J. (2004): Molecular phylogenetics of core Brassicales, placement of orphan genera Emblingia, Forchhammeria, Tirania, and character evolution. Systematic Botany 29: 654-669. doi:10.1600/0363644041744491 PDF fulltext Архивирано на 7 октомври 2008 г.
„Зелковидни“ на Ризницата ? |