Believe (песна на Дима Билан)
„Верувај“ ― победничкиот руски претставник на Евровизија 2008[3] во Белград, отпеан од Дима Билан. Песната била компонирана и напишана од Џим Бинц (познат и како Џејмс Вашингтон) и Дима Билан.
„Believe“ | ||
---|---|---|
сингл од Дима Билан | ||
од албумот Против Правил, Believe | ||
Пуштена | 26 мај 2008 | |
Снимена | 2008 | |
Жанр | R&B, поп | |
Должина | 3:54 | |
Марка | Universal Music, EMI, Мистерия Звука | |
Песнописец | Џим Бинц, Дима Билан | |
Продуцент(и) | Џим Бинц, Тимбаланд[1][2] | |
Евровизија | |
---|---|
земја | Русија |
изведувач | Дима Билан со Едвин Мартон, Евгениј Плушенко |
јазик | англиски |
композитор | Дима Билан и Џин Бинц |
текст | Дима Билан и Џин Бинц |
пласман | |
позиција во полуфинале | 3. |
бодови во полуфинале | 135 |
финален пласман | 1. |
бодови во финале | 272 |
хронологија на учество | |
◄ Song #1 (2007) | |
Mamo (2009) ► |
Претходно, Билан ја претставувал Русија и на Евровизија во 2006 година, со темната поп-песна „Never Let You Go“, каде го зазел второто место.
Историја
уредиНа 20 мај 2008 година Билан пеел во првото полуфинале на Евровизија 2008, а песната била изгласана во финалето со јавно гласање. Била изведена како 24-та од 25 песни во финалето на 24 мај 2008 година.
Рускиот уметнички лизгач, носител на олимписки златен медал и трикратен светски шампион Евгениј Плушенко, лизгал на вештачки мраз на сцената како дел од изведбата на песната, додека унгарскиот композитор и виолинист Едвин Мартон свирел на неговиот Страдивариус.
Оваа песна победи на натпреварот, завршувајќи со вкупно 272 поени, со што станала четвртата земја од поранешниот Советски Сојуз што победила на годишниот натпревар. Димитриј Медведев, претседателот на Русија, признал дека тој самиот го гледал натпреварот и веднаш се јавил за да му честита на Дима.
Музичко видео
уредиВо март 2008 година било произведено видео за песната Believe. Целиот тим учествувал во производството - Дима Билан, Евгениј Плушенко, Едвин Мартон и Јана Рудковскаја, продуцент на Дима Билан. Дејството на видеото започнува во болница каде што мајка дознава дека нејзиниот син има потреба од помош и му треба скапа операција. Потоа, акцијата продолжила до бар каде што Дима Билан гледал телевизија и открил дека на детето му треба помош. Тој веднаш се јавил кај својата продуцентка Јана Рудковскаја и и кажал дека мораат да сторат нешто за да соберат пари за да му помогнат на детето да преживее. Тие одлучуваат да одржат хуманитарен концерт со настап на тројцата учесници. На крајот од видеото можете да го видите момчето по операцијата. Тој се насмевнал, станал од инвалидска количка и трчал да ги поздрави луѓето што му го спасиле животот.
Историја на емитување
уредиРегион | Датум |
---|---|
Русија | 26 мај 2008 |
Германија | 6 јуни 2008 |
Белгија | 7 јули 2008 |
Данска | 16 јули 2008 |
Финска | |
Норвешка | |
Шведска |
Наводи
уреди- ↑ „Dima Bilan again conquers Russian hearts“. eurovision.tv. Посетено на 23 мај 2021.
- ↑ Believe (Liner notes). Дима Билан. All Music Publishing/Koala Bear/Sony/ATV UK/Publishing James Washington/Copyright Control. 2008.CS1-одржување: друго (link)
- ↑ „Dima Bilan again conquers Russian hearts“. Eurovision.tv. 2008-03-09. Архивирано од изворникот на 10 март 2008. Посетено на 23 мај 2021.