Bad (албум)

албум на Мајкл Џексон

„Bad“ е седмиот студиски албум на американскиот пејач Мајкл Џексон. Издаден е на 31 Август 1987 година од страна на Епик рекордс и Си-Би-Ес рекордс, скоро пет години од претходниот студиски албум на Џексон, „Thriller“. „Bad“ е продаден во повеќе од триесет милиони копии ширум светот и тоа осум милиони во Соединетите Американски Држави. Албумот бил единствениот од кој пет синглови се нашле на врвот на „Билборд хот 100“. Слично како и на претходниот музички материјал на Џексон, колекцијата содржи поп, рок и друго. Темите на текстовите се параноја, романса како и важни животни одлуки. „Bad“ е снимен во 1987 година. Десет, од вкупно единаесет песни, се издадени како сингл; од кои еден е промотивен сингл а другиот бил објавен надвор од САД и Канада. Првите пет се најдоа на врвот на топ-листата „Билборд хот 100“. Шестиот сингл се пласира меѓу десетте најдобри а седмиот меѓу дваесеттите. Два синглови кои се издадени надвор од САД и Канада, биле комерцијално успешни, наоѓајки се меѓу најдобрите дваесет на многу територии. „Bad“ се наоѓал на врвот во седум земји како и меѓу најдобрите дваесет во останатите држави. Џексон е композитор на девет од вкупно единаесет песни и е потпишан како продуцент. Албумот продолжил со успех во 1980 и заработил шест Греми номинации од кои освоил две. Освен комерцијално, изданието било критички успешно и позитивно оценето од страна на современи критичари. Албумот е поставен на 43 место на листата „100 најдобри албуми на сите времиња на МТВ генерацијата“ 2009 година од страна на Ви-Ејч-1 телевизија. Албумот исто така ја зазел 202 позиција на листата „500 најдобри албуми на сите времиња“ во магазинот „Ролинг стоун“. „Bad“ ја означи последната соработка со Џексон и продуцентот Квинси Џонс.

„Bad“
Студиски албум од Мајкл Џексон
Издаденавгуст 31 1987 (1987-08-31)
Снимен5 Јануари - 9 Јули, 1987 во Вестлејк рекординг студио
Жанрпоп, Р&Б, фанк, денспоп, рок
Траење48:16
Издавачка куќаЕпик рекордс
ПродуцентКвинси Џонс, Мајкл Џексон - копродуцент
Мајкл Џексон — Хронологија
„Anthology“ (1986/1995) „Bad“ (1987) „The Original Soul of Michael Jackson“ (1988)