23S рибозомна РНК
23S рРНК е рибонуклеинската компонента на големата подединица (50S) на прокариотскиот рибозом, со должина на нуклеотидната низа (кај Е. coli) од 2904 нуклеотиди. Рибозомниот пептидил трансферазен центар се наоѓа во доменот V на 23S рРНК, и овој домен е најчестата локација за врзување на антибиотиците кои го инхибираат процесот на транслација кај бактериите.[2] Најпознатиот припадник на оваа класа на антибиотици, хлорамфеникол, делува на тој начин што го инхибира формирањето на пептидните врски, а 3D-структурните истражувања укажуваат на тоа дека постојат две различни места за врзување на молекулата на хлорамфеникол, во зависност од видот на организмот.[3] Линезолид и хинупристин/далфопристин, исто така, се врзуваат за 23S рРНК, а помеѓу овие антибиотици постои вкрстена резистентност.[4] Во споредба со 16S рРНК гените, 23S рРНК-гените обично имаат повисок степен на варијации во низите, вклучувајќи вметнувања и/или бришења.[5]
Поврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ „The 3D arrangement of the 23 S and 5 S rRNA in the Escherichia coli 50 S ribosomal subunit based on a cryo-electron microscopic reconstruction at 7.5 Å resolution“. J Mol Biol. 298 (1): 35–59. 2000. doi:10.1006/jmbi.2000.3635. PMID 10756104.
- ↑ Bocchetta, Maurizio; Xiong, Liqun; Mankin, Alexander S. (1998-03-31). „23S rRNA positions essential for tRNA binding in ribosomal functional sites“. Proceedings of the National Academy of Sciences of the United States of America. 95 (7): 3525–3530. ISSN 0027-8424. PMID 9520399.
- ↑ Long, Katherine S.; Porse, Bo T. (2003-12-15). „A conserved chloramphenicol binding site at the entrance to the ribosomal peptide exit tunnel“. Nucleic Acids Research. 31 (24): 7208–7215. ISSN 1362-4962. PMID 14654696.
- ↑ Eliopoulos, George M. (2003-02-15). „Quinupristin‐Dalfopristin and Linezolid: Evidence and Opinion“. Clinical Infectious Diseases (англиски). 36 (4): 473–481. doi:10.1086/367662. ISSN 1058-4838.
- ↑ Pei, Anna; Nossa, Carlos W.; Chokshi, Pooja; Blaser, Martin J.; Yang, Liying; Rosmarin, David M.; Pei, Zhiheng (2009-05-05). „Diversity of 23S rRNA Genes within Individual Prokaryotic Genomes“. PLOS ONE (англиски). 4 (5): e5437. doi:10.1371/journal.pone.0005437. ISSN 1932-6203. PMC 2672173. PMID 19415112.CS1-одржување: PMC-формат (link)