1899 (ТВ-серија)
1899 (англиски: 1899) — германска драмска телевизиска серија со елементи на мистерија и ужас, создадена од Јантје Фризе и Баран бо Одар. Телевизиската серија од осум епизоди имала премиера на Netflix на 17 ноември 2022 г. На почетокот на јануари 2023 г., Netflix ја откажал серијата по првата сезона, иако авторите рекле дека требало да има уште 2 сезони.[1]
1899 | |
---|---|
Плакатот на серијата | |
Жанр |
|
Создадена од | |
Режирана од | Баран бо Одар |
Композитор(и) | Бен Фрост |
Земја на потекло | Германија |
Првичен јазик |
|
Бр. на сезони | 1 |
Бр. на епизоди | 8 |
Производство | |
Местоположба |
|
Времетраење | 50 — 62 минути |
Продукциска куќа | Dark Ways |
Прикажување | |
Првична мрежа | Netflix |
Првично прикажување | 17 ноември 2022 |
Надворешни врски | |
Мрежна страница | netflix.com/title/80214497 |
Содржина уреди
Годината е 1899. Патници од различни националности и општествена положба патуваат на „Кербер“ од Европа до Њујорк за да започнат нов живот. При преминувањето на Атлантикот добиваат сигнал за помош од бродот „Прометеј“, кој исчезнал пред четири месеци.
Воспримање уреди
На агрегаторната веб-страница Rotten Tomatoes, телевизиската серија има оценка од 79 % врз основа на 29 критики од критичарите, со просечна оценка 6,8 од 10.[2] На агрегаторната веб-страница Metacritic, телевизиската серија има оценка 69 од 100 врз основа на 11 критики од критичарите, што значи „во целост поволни критики“.[3]
Наводи уреди
- ↑ Latif, Leila (2022-11-17). „1899 review – this painfully slow sci-fi show is absolutely agonising“. The Guardian (англиски). ISSN 0261-3077. Посетено на 2024-04-27.
- ↑ „1899: Season 1 | Rotten Tomatoes“. www.rottentomatoes.com (англиски). Посетено на 2024-04-27.
- ↑ „1899 season 1“. www.metacritic.com (англиски). Посетено на 2024-04-27.
Надворешни врски уреди
„1899 (ТВ-серија)“ на Ризницата ? |
- 1899 (ТВ-серија) на Семрежната филмска база на податоци (англиски)