„Гама Дизајн“ - Петралинци
Гама Дизајн — пилана и претпријатие од дрвната индустрија за производство и обработка на дрво, палети, дрвени боксови, транспортни сандуци, дрвена граѓа за градежништво, амбалажа и пелети од село Петралинци, Струмичко, Македонија.
Вид | ДОО |
---|---|
Дејност | дрвна индустрија |
Основано | 2003 |
Основач | Горан Андонов / Митко Андонов |
Седиште | с.Петралинци, Струмица, Македонија бб, Струмица , Република Македонија |
Клучни личности | Горан Андонов, Митко Андонов |
Производи | Палети, Дрвени Боксови, Транспортни Сандуци, EUR палети, EPAL палети, пелети и палети во сите димензии. |
Доход | 1.500.000 евра |
Вработени | 13 |
Мреж. место | gamadizajn.com |
Историјат
уредиГама Дизајн е основана 2003 година од браќата Горан и Митко Андонови. Зачетоците во правец на дрвна индустрија доаѓаат како продолжување на работата на нивниот татко, Дине Андонов - еден од првите “тишлери“ (занаетчија кој работи со дрво и мебел) во регионот, кој работи во оваа дејност уште од 1993 година и долги години вложува во усовршување на занаетот, но и обука на безброј други луѓе кои во иднина ќе бидат носители на индустријата со дрво и мебел во регионот и државата,
Почетниот фокус на Гама Дизајн е производство на дрвена граѓа за мебел, за подоцна да се специјализра и опреми во фабрика за производство на секаков вид на палети, бокс палети, транспортни сандуци и други производи и амбалажа од дрво.
Периодот 2015/2016 година настапува најтешкиот период за Гама Дизајн, кога поради ниските цени на дрвената граѓа и тешката наплата, се прават драстични промени кои подоцна се покажуваат како правилни и носат резултати. Следствено, после неколку последователни години вложување во доопремување и најдобар квалитет, стабилни партнери и квалификуван кадар, Гама Дизајн влегува во кругот на лидери во областа на производство на палети и дрвена амбалажа, во Македонија и стекнува доверба и соработува со најголемите компании во државата, а се почесто и надвор.
Производство
уредиПроизводството на пиланата „Гама Дизајн“ го сочинуваат следните дрвни производи: палети, , транспортни сандуци, дрвени кутии, бокс палети и друг вид на амбалажа од дрвен материјал, дрвени елементи за мебел, како и пелети за греење.