Шумски молец
Шумски молец (Arctia caja) е инсект сроден со пеперутката, од истиот биолошки ред на опнокрилци (lepidoptera).
Распространетост и навики
уредиСе среќава на чистините, на рабовите од шумите и во парковите. Од време на време ќе биде привлечен од вештачка светлина и тогаш лета во јата. Преку денот се крие под листовите од растенијата. Во жешките ноќи во јули и август лета наоколу. Гасеницата на овој молец има долги влакна, страните на телото ѝ се темноцрвени, а грбот и е црн. Во текот на летото може да се види на листовите од многу растенија.Гасеницата го минува зимскиот сон скриена под некое растение, а се појавува меѓу мај и јули. Само тогаш се преобразува во кожувец.
Оваа статија е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |