Шула Мина (одморалиште)
Шула Мина — детско одморалиште во месноста Бегова Корија[2], сместено на северозападната периферија на гратчето Крушево. Шула Мина е со површина од 1.600 квадратни метри. Детското одморалиште „Шула Мина“ имало капацитет од 290 легла, а негов 100 отсто сопственик е Друштвото за туризам и угостителство „Бегова корија“ ДОО Скопје.[1] Опкружено е од знаменитости како Мечкин Камен, споменикот Македониум, местото Слива и др.
Шула Мина | |
---|---|
Општи податоци | |
Статус | Затворено |
Вид | Одморалиште |
Адреса | ул. 517 |
Град | Крушево |
Земја | Македонија |
Сопственик | ДТУ „Бегова корија“ ДОО Скопје[1] |
Дворно место | 1,600 м2 |
Историја
уредиГрадбата постои од 1915 година, од времето на Првата светска војна, а првпат била реновирана и одржувана во времето на Југославија.[1]
На почетокот на 2012 година, одморалиштето било предадено на трајно користење под Министерство за труд и социјална политика.[3]
Поради пандемијата на КОВИД-19, одморалиштето било затворено согласно превентивните мерки на државните власти.[1]
Галерија
уредиПоврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ 1,0 1,1 1,2 1,3 Калабакова, Снежана (20 август 2021). „Недостига детскиот џагор во „Шула Мина", „Мите Богоевски", „Копанки"…“. Нова Македонија. Посетено на 11 март 2022.
- ↑ Парцела бр. 2204, месност: Бегова Корија — Агенција за катастар на недвижности
- ↑ Прешоски, Наум, уред. (26 јануари 2012). „Одлука за давање на трајно користење недвижни ствари на Министерството за труд и социјална политика“ (PDF). Службен весник на Република Македонија. Архивирано од изворникот (PDF) на 11 март 2022. Посетено на 11 март 2022. Наводот journal бара
|journal=
(help)
Надворешни врски
уредиОваа поврзана со Крушево статија е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |