Шула Мина

детско одморалиште во Крушево, Македонија

Шула Мина — детско одморалиште во месноста Бегова Корија[2], сместено на северозападната периферија на гратчето Крушево. Шула Мина е со површина од 1.600 квадратни метри. Детското одморалиште „Шула Мина“ имало капацитет од 290 легла, а негов 100 отсто сопственик е Друштвото за туризам и угостителство „Бегова корија“ ДОО Скопје.[1] Опкружено е од знаменитости како Мечкин Камен, споменикот Македониум, местото Слива и др.

Шула Мина
Карта
Општи податоци
СтатусЗатворено
ВидОдморалиште
Адресаул. 517
ГрадКрушево
ЗемјаМакедонија
СопственикДТУ „Бегова корија“ ДОО Скопје[1]
Дворно место1,600 м2

Историја уреди

Градбата постои од 1915 година, од времето на Првата светска војна, а првпат била реновирана и одржувана во времето на Југославија.[1]

На почетокот на 2012 година, одморалиштето било предадено на трајно користење под Министерство за труд и социјална политика.[3]

Поради пандемијата на КОВИД-19, одморалиштето било затворено согласно превентивните мерки на државните власти.[1]

Галерија уреди

Поврзано уреди

Наводи уреди

  1. 1,0 1,1 1,2 1,3 Калабакова, Снежана (20 август 2021). „Недостига детскиот џагор во „Шула Мина", „Мите Богоевски", „Копанки"…“. Нова Македонија. Посетено на 11 март 2022.
  2. Парцела бр. 2204, месност: Бегова КоријаАгенција за катастар на недвижности
  3. Прешоски, Наум, уред. (26 јануари 2012). „Одлука за давање на трајно користење недвижни ствари на Министерството за труд и социјална политика“ (PDF). Службен весник на Република Македонија. Архивирано од изворникот (PDF) на 11 март 2022. Посетено на 11 март 2022. Наводот journal бара |journal= (help)

Надворешни врски уреди

41°22′29″N 21°14′13″E / 41.37472° СГШ; 21.23694° ИГД / 41.37472; 21.23694