Што направи Џек? (англиски: What did Jack do?) - американски краток филм од 2017 година, во режија на Дејвид Линч, кој е автор и на сценариото. Главните улоги ги играат: мајмунот Џек Круз, Дејвид Линч и кокошката Тутотабон.

Синопсис уреди

Во железничка станица, полициски детектив (го игра Линч) го испрашува мајмунот Џек (го игра Круз) во врска со можното убиство на еден орангутан, а во врска со кокошката Тутотабон. Низ разговорот се открива врската на мајмунот со кокошката, а кога се појавува таа, мајмунот потрчува по неа. Тогаш, детективот им наредува на полицајците да го фатат Џек и да го уапсат, обвинувајќи го за убиството.[1]

Наводи уреди