Шпион на високи потпетици
„Шпион на високи потпетици“ (српски: Шпијун на штиклама) – филм на режисерот Милан Јелиќ од 1988 година, по сценариото на Верослав Ранчиќ. Главните улоги ги играат: Милан Гутовиќ, Милена Дравиќ, Мира Фурлан, Милан Штрљиќ, Ева Рас, Борис Дворник и Бата Живоиновиќ.[1]
Синопсис
уредиЛивадинка Кукуриќ (ја игра Дравиќ), директорка на новооснованата дискографска куќа, ја уфрлува својата службеничка Нарциса Зец (ја игра Гутовиќ), преправена во чистачка, во конкурентската дискографска куќа со намера да дојде до ексклузивните снимки на светската естрадна ѕвезда и на тој начин, служејќи се со измама да обезбеди банкарски кредити за изградба на студио.