Шпанско камењарче

Шпанско камењарче
Возрасен мажјак од источната раса (O. h. melanoleuca)
Научна класификација
Царство: Животни
Колено: Хордови
Класа: Птици
Ред: Врапчевидни
Семејство: Муварчиња
Род: Oenanthe
Вид: Шпанско камењарче
Научен назив
Oenanthe hispanica
(Linnaeus, 1758)
Oenanthe hispanica

Шпанското камењарче (науч. Oenanthe hispanica) е мала врапчевидна птица која порано беше сместена во семејството на дроздовите Turdidae, но сега е во семејството на муварчињата Muscicapidae. Оваа птица ја има во Македонија.

Опис

уреди

Шпанското камењарче е долго 13.5-15.5 см. Понекогаш се издвојуваат две раси - источна и западна - Oenanthe melanoleuca и Oenanthe hispanica.

Кај птицата е изразен половиот диморфизам. Мажјаците се повпечатливи. Тие имаат жолтопортокалов тил и грб, бело на челото и вратот, со изразена црна дебела и малку искривена линија преку окото, беложолтеникав стомак, црни крилја, црно-бела опашка. Клунот и нозете му се црнкави. Женката и младенчињата се во кафеави нијанси, главата и стомакот посветли, крилјата потемни. Задникот им е бел, а опашката со бела лента на коренот.

Западната раса O. h. hispanica имаат бело или речиси бело чело и круна, кремава мантија, а крилјата им се потемни. Долните делови се бели, со кремава нијанса. Грбот, горниот дел од опашката и поголемиот дел од долниот дел од опашката се бели.

Вон сезоната на парење мажјаците се слични на женките, со глава и мантија бледо кафеави, како и долните делови, вклучувајќи го и вратот, но кафеавото во интензитет варира.

Источната раса O. h. melanoleuca ја има во источниот дел на Средоземјето, а се сели зимно време во Судан.

Источната раса можеби е уште посветла летно време, но црната линија е појака, повпечатлива и може да се протега и на поголемиот дел од лицето и грлото. Оваа птица е редок скитник во северозападна Европа.

Наводи

уреди
  1. BirdLife International (2012). Oenanthe hispanica. IUCN Red List. Version 2012.1. International Union for Conservation of Nature. Посетено на 16 July 2012.

Надворешни врски

уреди