Шон Џонсон
Шон Џонсон (англиски: Sean Everet Johnson; роден на 31 мај 1989) — американски професионален фудбалер кој игра како голман за клубот од МЛС лигата Њујорк Сити и за репрезентацијата на Соединетите Американски Држави.
Шон Џонсон | |||
---|---|---|---|
Лични податоци | |||
Полно име | Шон Еверет Џонсон | ||
Роден на | 31 мај 1989 | ||
Роден во | Либурн (Џорџија), САД | ||
Држава | САД | ||
Висина | м | 1,90||
Позиција | Голман | ||
Клупски податоци | |||
Сегашен клуб | Њујорк Сити | ||
Број | 1 | ||
Младинска кариера | |||
2007–2008 | УЦФ Витези | ||
Кариера* | |||
Години | Клуб | Наст. | (Гол.) |
2009 | Атланта Блекхокс | 7 | (0) |
2010–2016 | Чикаго Фајр | 176 | (0) |
2017– | Њујорк Сити | 179 | (0) |
Репрезентација ‡ | |||
2009 | САД 20 | 4 | (0) |
2012 | САД 23 | 2 | (0) |
2011– | САД | 10 | (0) |
* Ажурирано на: 9 октомври 2022 ** Ажурирано на: 5 јуни 2022 |
Клупска кариера
уредиПочетоци
уредиЏонсон пораснал во Лилбурн, Џорџија каде што го посетувал средното училиште Бруквуд.[1] За краток период посетувал училиште во Калифорнија каде играл за неговото средно училиште во округот Лос Анџелес. Таму ќе дипломира во 2005 година.
Џонсон се преселил во Флорида за да игра колеџ фудбал на Универзитетот во Централна Флорида,[2] каде што добил место на почесниот список на комесарот на Ц-САД и бил прогласен за МВП на тимот во 2008 година. Тој го напуштил колеџот рано за да влезе во Супердрафтот на МЛС 2010 како играч на генерацијата Адидас.
Во 2009 година, Џонсон играл една сезона со Атланта Блекхокс во УСЛ лигата.
Чикаго Фајр
уредиШон Џонсон бил драфтуван во четвртиот круг (вкупно 51.) на Супердрафтот на МЛС 2010 од Чикаго Фајр. Тој бил последниот играч од генерацијата на Адидас избран на тој драфт. Тој го направил своето деби во МЛС на 1 август 2010 година, за време на победата со 3-2 над Лос Анџелес Галакси, откако го освоил стартното место во тимот против Ендрју Дикстра.
Во 2013 година, тој бил прогласен за одбранбен играч на годината од страна на Чикаго Фајр. Тој имал рекорд од 11–9–7 со Чикаго, вклучително и со 6 чисти мрежи.
Њујорк Сити
уредиНа 11 декември 2016 година, Атланта Јунајтед го купила Џонсон од Чикаго Фајр. Подоцна истиот ден Њујорк Сити го купил Џонсон од Атланта Јунајтед.
Меѓународна кариера
уредиЏонсон има државјанства на САД и Јамајка. Тој имал кратки обиди со тимот на Јамајка до 17 години во 2005 година и со тимот до 20 години во 2008 година.
Џонсон бил избран во репрезентацијата на Соединетите Американски Држави до 20 години во 2009 година. Тој се појавил на еден натпревар во првенството на КОНКАКАФ до 20 години во 2009 година, а подоцна учествувал во три пријателски натпревари. Учествувал и на Светското првенство на ФИФА У-20 во 2009 година како неискористена замена.[3]
Џонсон бил член на репрезентацијата до 23 години која учествувала на квалификацискиот турнир за Олимписките игри во 2012 година. По повредата на Бил Хамид, Џонсон влегол во игра во 39. минута од последниот натпревар во групата против Ел Салвадор.[4]
Џонсон го одиграл својот прв натпревар за сениорската репрезентација на Соединетите Американски Држави, влегувајќи како замена на полувремето во пријателскиот натпревар против Чиле на 22 јануари 2011 година.
Џонсон бил именуван за еден од тројцата голмани на Соединетите Држави за златниот куп КОНКАКАФ 2013 година од тренерот Јирген Клинсман. Џонсон го заработил својот прв старт во сениорската репрезентација на 17 јули 2013 година, во последниот натпревар од групната фаза, забележувајќи чиста мрежа во победата од 1-0 против ривалот Костарика. За време на тој натпревар, тој направил клучна одбрана во 80. минута што довело до победнички гол на САД.
Личен живот
уредиНеговите родители Еверет и Џој Џонсон се од јамајско потекло.
Статистика
уредиКлуб
уредиКлуб | Сезона | Лига | Национален куп | Континентален куп | Друго | Вкупно | ||||||
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Дивизија | Настапи | Голови | Настапи | Голови | Настапи | Голови | Настапи | Голови | Настапи | Голови | ||
Атланта Блекхокс | 2009 | УСЛ | 7 | 0 | — | — | — | 7 | 0 | |||
Чикаго Фајр | 2010 | МЛС | 13 | 0 | 1 | 0 | 2 | 0 | — | 16 | 0 | |
2011 | 28 | 0 | 4 | 0 | — | — | 32 | 0 | ||||
2012 | 31 | 0 | — | — | 1 | 0 | 32 | 0 | ||||
2013 | 28 | 0 | 3 | 0 | — | — | 31 | 0 | ||||
2014 | 33 | 0 | 4 | 0 | — | — | 37 | 0 | ||||
2015 | 21 | 0 | 3 | 0 | — | — | 24 | 0 | ||||
2016 | 22 | 0 | — | — | — | 22 | 0 | |||||
Вкупно | 176 | 0 | 15 | 0 | 2 | 0 | 1 | 0 | 194 | 0 | ||
Њујорк Сити | 2017 | МЛС | 32 | 0 | 1 | 0 | — | 2 | 0 | 35 | 0 | |
2018 | 32 | 0 | — | — | 3 | 0 | 35 | 0 | ||||
2019 | 29 | 0 | — | — | 1 | 0 | 30 | 0 | ||||
2020 | 23 | 0 | — | 3 | 0 | 3 | 0 | 29 | 0 | |||
2021 | 29 | 0 | — | 1 | 0 | 4 | 0 | 34 | 0 | |||
2022 | 34 | 0 | — | 6 | 0 | 3 | 0 | 43 | 0 | |||
Вкупно | 179 | 0 | 1 | 0 | 10 | 0 | 16 | 0 | 206 | 0 | ||
Вкупно цела кариера | 362 | 0 | 16 | 0 | 12 | 0 | 17 | 0 | 407 | 0 |
Репрезентација
уредиРепрезентација | Година | Настапи | Голови |
---|---|---|---|
САД | 2011 | 1 | 0 |
2012 | 1 | 0 | |
2013 | 2 | 0 | |
2015 | 1 | 0 | |
2019 | 3 | 0 | |
2020 | 1 | 0 | |
2022 | 1 | 0 | |
Вкупно | 10 | 0 |
Наводи
уреди- ↑ „Sean Johnson looking to lift NYCFC following offseason trade from Fire - SBI Soccer“. sbisoccer.com (англиски). 2017-02-08. Посетено на 2022-11-29.
- ↑ „Player Bio: Sean Johnson - UCF OFFICIAL ATHLETIC SITE“. web.archive.org. 2010-01-04. Архивирано од изворникот на 2010-01-04. Посетено на 2022-11-29.
- ↑ „FIFA U-20 World Cup - Previous Tournaments - FIFA.com“. web.archive.org. 2013-01-20. Архивирано од изворникот на 2014-01-02. Посетено на 2022-11-29.CS1-одржување: бот: непознат статус на изворната URL (link)
- ↑ „Olympic Qualifying 2012“. web.archive.org. 2012-04-01. Архивирано од изворникот на 2012-04-01. Посетено на 2022-11-29.