Шолаја (филм)
„Шолаја“ – југословенски филм од 1955 година, во режија на Војислав Нановиќ. Главните улоги ги толкуваат: Миливоје Живановиќ, Рената Улмански, Слободан Алигрудиќ , Столе Аранѓеловиќ, Душан Јаниќијевиќ, Јанез Врховец, Оливера Марковиќ и Раде Марковиќ.[1]
Синопсис
уредиФилмот е посветен на Симо Шолаја, командантот на Вториот батаљон на Третиот краишки партизански одред. Батаљонот што го оформил самиот Шолаја, бил зачетник на отпорот против усташкиот режим во околината на Шипово. Во филмот се прикажува востанието на српските селани против геноцидот во Независна Држава Хрватска, како и процесот на поделбата на учесниците на востанието на партизани и на четници.
Наводи
уредиОваа статија филм е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |