Шијла Џефрис
Шијла Џефрис (родена 13 мај 1948 година)[2] е најпозната како феминистички научник и политички активист, а особено за нејзината анализа на историјата и политиката на сексуалноста во Велика Британија. Таа е професорка по политички науки на Универзитетот во Мелбурн во Австралија. Таа аргументира дека "сексуалната револуција" под условите на мажите придонесе помалку за слободата на жените отколку за нивното континуирано угнетување.[3][4][5]
Sheila Jeffreys | |
---|---|
Роден(а) | 13 мај 1948 Обединето Кралство[1] |
Работодавач | Мелбурнски универзитет |
Познат(а) по | Феминистички активизам |
Вера | Нема |
Страница www.sheilajeffreys.com |
Дела
уредиИндустриската Вагина: Политичката економија на глобалната секс-трговија, беше објавена во 2009 година. Во неа, Џефрис ја опишува глобализацијата на секс индустријата, и го опишува бракот како форма на проституција. Џефрис наведува дека "контролата на мажите врз женските тела за сексуална употреба не е надмината, но останува претпоставка во основата на хетеросексуалните односи", и ги истакнуваа сличностите помеѓу бракот и проституција, како што се невестите-по-порачка, што таа го гледа како форма на секс-трговија со луѓе.[6]
Во едно интервју, Џули Биндел објаснува дека Џефрис верува дека транссексуалната хирургија "е продолжување на индустријата за убавина која нуди козметички решенија за подлабоко вкоренетите проблеми" и дека во општеството без род ова би било непотребно.[7] Џефрис тврди дека "огромното мнозинство на транссексуалците ги емулираат традиционалните стереотипи за жените" и дека тие "конструираат конзервативна фантазија за она што тие сметаат жените треба да бидат. Тие создаваат есенција на женственост која е длабоко навредлива и рестриктивна".[8]
Книги
уредиАнтиклимакс: феминистичка перспектива на сексуалната револуција
Распакување на квир политиката: лезбејска феминистичка перспектива
Убавина и мизогинија: штетните културни практики на Западот
Индустриската Вагина: политичката економија на глобалната секс-трговија
Машка доминација: религијата и намалувањата на правата на жените во светската политика
Родови болки: феминистичка анализа на политиката на транссексуализмот
Наводи
уреди- ↑ „Spinifex Press – Sheila Jeffreys“. Архивирано од изворникот на 2019-09-03. Посетено на 2014-11-17.
- ↑ „Jeffreys, Sheila“. Library of Congress. Посетено на 1 August 2014.
ECIP data view (b. May 13, 1948)
- ↑ SAMOIS (1987). Coming to Power: Writings and Graphics on Lesbian S/M. Boston: Alyson Publications. стр. 88. ISBN 0-932870-28-7.
- ↑ Vance, Carole S. (1992). Pleasure and Danger: Exploring Female Sexuality. London: Pandora. стр. 302. ISBN 0-04-440867-6.
- ↑ Gilbert, Harriett. (1993). The Sexual Imagination from Acker to Zola: A Feminist Companion. London: Jonathan Cape. стр. 133. ISBN 0-224-03535-5.
- ↑ Bindel, Julie (12 November 2008). „'Marriage is a form of prostitution'“. Guardian.
- ↑ Bindel, Julie (2 July 2005). „The ugly side of beauty“. Guardian.
- ↑ Jeffreys, Sheila (1997). „Transgender Activism: A Lesbian Feminist Perspective“ (PDF). The Journal of Lesbian Studies.