Ширин Алиабади (10 март 1973 – 1 октомври 2018) била иранска современа мултидисциплинарна визуелна уметница чија работа се фокусирала на женските прашања, родовата застапеност и индустријата за убавина.[1][2] Таа е најпозната по прикажувањето на бунтовничките Иранки во нејзините серии фотографии „Девојки во автомобили“ и „Мис Хибрид“.[3]

Биографија

уреди

Алиабади е родена во Техеран, Иран во 1973 година, во семејството на Мејманат и Ирај Алиабади. Нејзината мајка, Мајманат е уметник и предава на Универзитетот во Техеран. Нејзиниот татко Ирај бил поет кој работел во осигурителна компанија. Таа, исто така, била менторирана од постариот брат кој ја тренирал за уметност, музика и поп култура.[4] Алиабади пораснала опкружена со уметници и интелектуалци, а животниот стандард на семејството бил висок до Иранската револуција во 1979 година. Нејзините родители останале без работа, но сепак можеле да ја испратат да студира во Париз. Алиабади студирала и макистрирала Историја на уметност [5] на Универзитетот во Париз.

Алиабади се омажила со Фархад Мошири, уметник во 1993 година. Таа патувала меѓу Париз и Техеран во поголемиот дел од нејзината кариера, но главно била сместена во Техеран каде што била застапувана од Галеријата „Трета линија“ во Дубаи повеќе од десет години.[6][7]

Нејзината работа еприкажана на самостојни изложби во Дубаи, Техеран, Лондон, Швајцарија и Данска и на групни изложби во Париз, Галеријата на модерна уметност во Глазгов, во Фриз Њујорк, во Уметничкиот музеј на Челзи, во Монако, во Рио де Жанеиро, во Копенхаген, во Италија, во Норвешка, во Естонија, во Германија, во Швајцарија и во Шпанија.[8] Нејзините дела се чуваат во колекциите на Deutsche Bank AG во Германија, Градскиот музеј и уметничка галерија Бристол и колекцијата Фајрам во Дубаи.[8][9]

Ширин Алиабади починала на 1 октомври 2018 година во Техеран, Иран по битка со ракот.[10]

Уметничко дело

уреди

Уметноста на Алиабади, која вклучува фотографии и цртежи, ги истражува конкурентните ефекти врз младите урбани Иранки на традиционалните вредности, религиозните ограничувања и глобализираната западна култура.

Алиабади е добро позната по нејзината фотографска серија Девојки во автомобили (2005), која прикажува жени како се возат во автомобили, подготвени за забава. „Бев заглавена во сообраќај еден викенд во прилично луксузен дел на Техеран“, рече г-ѓа Алиабади во написот за Дојче Банк од 2013 година, каде што биле изложени нејзините дела. „Ние бевме опкружени со убави девојки кои беа направени за да одат на забава или само да крстарат со своите автомобили, и тогаш мислев дека оваа слика на жени оковани од традицијата и хиџабот не е ни блиску до реалноста овде. Сите имааа вклучена музика и си разговараа меѓу колите и правеа очи и разговараа со момчиња во други возила. Иако ги почитуваа законите, тие се забавуваа''.[1] Оваа контрадикторност помеѓу тешките ограничувања наметнати од иранските закони и младите жени кои се забавуваат, играјќи си со модата и додатоците во западен стил е вид на тема по која е познат Алиабади. Нејзината работа вклучува разиграни елементи со посериозни, мешајќи го политичкото и личното.

Во 2006 година, Ширин Алиабади, исто така, соработуваше со колегата уметник и сопруг Фархад Мошири на проектот наречен Операција супермаркет, кој бил прикажан на биеналето во Сингапур во 2008 година. Таа фотографска серија се фокусирала на пакети и рекламни слики манипулирани така што етикетите вклучуваат оптоварени фрази, коментирајќи за неуспешниот капитализам и потрошуваштво.[11] На пример, на чоколадна лента пишува „нетолеранција“, а на етикетата на сапун за машина за миење садови пишува „Прво пукај“.

Нејзината серија Мис Хибрид (2008) ги прикажува младите Иранки на малку неконвенционални начини. На пример, некои од фотографиите во оваа серија прикажуваат жени со изветвена руса коса, сини контактни леќи, совршена шминка и шамии во светли бои, во целосна спротивност со најчесто проектираните слики на муслиманки обвиени во досаден чадор без шминка и без коса.[11] Жените често имаат фластери преку носот, што е знак на модната изјава меѓу иранската младина што ја означува сè почеста појава на пластична хирургија. Фотографиите се прикажани слично на студиски портрети, прикажани од средината на торзото на темна позадина. Портретите се хибриди помеѓу традиционалната облека и современите модни трендови, коментирајќи ја вештачката убавина и сарторските граници на некои муслиманки.

Според Алиабади, „Колку да изгледаат банални симболите на потрошувачкото општество: Старбакс, чанти од Гојард или ајподи“, објаснува таа, „во Иран тие стануваат сублиминален инструмент на таканаречената културна инвазија од Западот, што иранските власти се поистоветуваат со „големиот сатана“. За младата генерација, особено за жените, ваквите модни додатоци стануваат – на мамечки начин – еден вид пасивен бунт. Ова е моментот кога модата не е само мода – во овој контекст пораката не е површна“.

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 „The Subversive Potential of Hermès Scarves: Shirin Aliabadi discloses the desires of young Iranian women“. ArtMag. Deutsche Bank. Архивирано од изворникот на 2021-11-05. Посетено на 2022-03-14.
  2. Seelye, Katharine Q. (2018-10-19). „Shirin Aliabadi, Iranian Artist With a Focus on Women, Dies at 45“. The New York Times (англиски). ISSN 0362-4331. Посетено на 2019-03-29.
  3. Bekhrad, Joobin. „Shirin Aliabadi, known for depicting rebellious Iranian women, has died“. theartnewspaper.com. Посетено на 2019-03-29.
  4. Seelye, Katharine Q (October 21, 2018). „Shirin Aliabadi, 45, Artist Who Captured Paradoxes of Iranian Women, Dies“. New York Times – преку Gale Group.
  5. „Contemporary Middle Eastern art - new Islamic art and photography“. www.modernedition.com. Modern Edition. Архивирано од изворникот на 2019-08-18. Посетено на 1 March 2017.
  6. „In Loving Memory of Shirin Aliabadi“. Mad Mimi. Посетено на 2018-10-02.
  7. Chung, Julee WJ. „ArtAsiaPacific: Obituary Shirin Aliabadi19732018“. artasiapacific.com. Архивирано од изворникот на 2019-09-20. Посетено на 2019-03-29.
  8. 8,0 8,1 „Shirin Aliabadi“ (PDF). Third Line. Архивирано од изворникот (PDF) на 2019-03-03. Посетено на 2022-03-14.
  9. „The New Iranian Woman – Miss Hybrid Series“. SUITCASE Magazine. 26 January 2016. Посетено на 1 March 2017.
  10. Bekhrad, Joobin (3 October 2018). „Shirin Aliabadi, known for depicting rebellious Iranian women, has died“. The Art Newspaper. Посетено на 5 October 2018.
  11. 11,0 11,1 Contemporary art in the Middle East. Sloman, Paul. London. 2009. ISBN 9781906155568. OCLC 271774974.CS1-одржување: друго (link)