Ширден
Ширден — македонско традиционално јадење, симбол на кулинарството во Прилеп[1]. Во некои краеви на Македонија ова јадење се нарекува и сириштето на јагнето. Зборот ширден потекнува од истоимениот турски збор şirden, што го означува четвртиот дел од желудникот на преживарите. За прилепскиот ширден најчесто се користи внатрешниот орган на младо јагне кој претставува продолжение на желудникот. Традиционално се користат 3 вида месо (јагнешко, телешко и свинско), ориз и разни зачини. Покрената е иницијатива за брендирање на овој кулинарски специјалитет во Прилеп.[2]
Прилепски ширден, голем предизвик за гурманите | |
Дел од оброкот | главен |
---|---|
Место на потекло | Македонија |
Регион | Прилеп |
Температура на послужување | топло |
Главни состојки | јагнешко, телешко и свинско, ориз и разни зачини |
Рецепт
уредиПрво треба многу убаво да се исчистат јагнешките ширдени и да станат проѕирни. На загреано масло прво се пржи ситно сечкан кромид, па се додаваат трите вида месо сечкани на ситни парчиња. Се динста сè додека не испари течноста во садот. Се зачинува со сите зачини (црн пипер, буковец, јенибар, сув зачин), се додава оризот и на крајот магдоносот. Се трга тенџерето од оган и со добиената смеса се полнат ширдените. На самиот отвор ширденот се затвора со 2-3 чепкалки. Се редат во земјена тава, се налеваат со вода колку да се покријат, се додава еден исечкан домат и се ставаат во рерна да се печат околу 2 часа. За време на печењето еднаш до двапати се превртуваат. По желба може да се додаде и сува лута пиперка. Пред крај се додаваат исчистените компири да се запечат.[3]