Шина Андреева Стојанова ( 1918 во Арда, Смољан, Бугарија1944 во Тиквеш) — бугарски партизан, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ.[1]

Шина Стојанов(ск)а
Родена 1918 година
Арда, Смољан, Бугарија
Починала јуни, 1944 година
Тиквеш, Кавадаречко, Македонија
Сопружник Коце Стојановски - Металец

Животопис уреди

Произлегува од изразито бедно семејство. Завршила основно училиште, а потоа се вработила во приватна фурна, каде работела тешки физички работи. Со голем труд завршила уште три класа гимназија. Под влијание на прогресивните младинци - ученици и студенти се запознала со идеите на марксизмот. Секој слободен час го користела во читање марксистичка и друга прогресивна литература. Се поврзала со месната организација на комунистичката партија и растурала прогресивна комунистичка литература меѓу другите младинци. Кога во 1942 година во нејзиното село бил доведен скопскиот првоборец Коце Стојановски - Металец како политички интернирец таа се поврзала со него и му помагала во организирањето на бегствата на затворениците.

Кога Коце бил ослободен од интернацијата, таа му се придружила, станувајќи му верен соборец и сопруга. Младата брачна двојка пристигнала во Македонија во почетокот на 1944 година. Веднаш потоа заедно стапиле во Втората македонска ударна бригада. Меѓу соборците се здобила со големи симпатии како прекрасна и бестрашна партизанка. Во борбите против бугарската фашистичка полиција, Шина загинала во Тиквешијата, речиси истовремено со својот сопруг Коце Металец, во јули 1944 година.

Поврзано уреди

Наводи уреди

  1. Беа, загинаа, останаа. Скопје: Историски Архив. 1969. стр. 134–135. На |first= му недостасува |last= (help)