Шеги (музичар)

јамајкански реге музичар

Орвил Ричард Бурел (англ. Orville Richard Burrell; роден на 22 октомври 1968 година),[1] познат по неговото уметничко име Шеги (англ. Shaggy), е јамајски реге рапер, пејач и текстописец. Негови најпознати песни се: „It Wasn't Me“, „Boombastic“, „In The Summertime“, „Oh Carolina“ и „Angel“. Седумпати бил номиниран за Греми награди, а ја освоил двапати за најдобар реге албум со Boombastic во 1996 година и 44/876 со Стинг во 2019 година, во 2002 година ја добил и Брит наградата за најдобар меѓународен машки соло пејач.

Шеги
Шеги во 2018 година
Роден(а)Орвил Ричард Бурел
22 октомври 1968
Кингстон, Јамајка
Занимање
  • рапер
  • пејач
  • диџеј
Активен период1992–денес
СопружникРебека Пакер (в. 2014)
Деца5, меќу кои и Роб Бенкс

Во 2007 година, бил награден со јамајски Орден за исклучителност со чин командант. Во 2022 година, добил почесен докторат на уметности од Универзитетот Браун.[2]

Живот и кариера

уреди

Орвил Бурел е роден на 22 октомври 1968 година во Кингстон.[1] Детството го поминал во Бруклин, Њујорк. За време на воениот рок учествувал во Заливската војна.[3] Шеги одлучил да започне музичка кариера и негов прв хит во 1993 година била песната „Oh Carolina“, која се појавила во филмот Сливер.[1] Во 1995 година имал огромен успех со песната „Boombastic“,[1] тематската мелодија на популарната реклама за Левис.[4]

Во 1999 година, Virgin Records му го раскинала договорот за снимање зошто сметале дека најверојатно нема да издаде уште една песна успешна како „Boombastic“.[5] Тој потпишал со MCA Records и следната година го издал албумот Hot Shot. На албумот се неговите големи хит-песни „It Wasn't Me“ и „Angel“. Двете песни се нашле на врвот на Billboard Hot 100 и на топ-листите ширум светот; биле на прво место во ОК, Ирска, Шкотска и Франција, меѓу другите.[1] Албумот Hot Shot дебитирал на прво место на Билборд 200, и имал осумкратен платинест тираж сертифициран од страна на Здружението на музички сниматели на Америка (RIAA), како и платинест или повеќекратен платинест тираж во многу други земји. На крајот на годината Билборд го рангирал како втор најуспешен албум за 2001 година.

Неговите следни два албума, не биле успешни и неговата популарност во САД почнала да опаѓа.[6][7]

 
Шеги во 2006 година

Дискографија

уреди

Студиски албуми

уреди
  • Pure Pleasure (1993)
  • Original Doberman (1994)
  • Boombastic (1995)
  • Midnite Lover (1997)
  • Hot Shot (2000)
  • Lucky Day (2002)
  • Clothes Drop (2005)
  • Intoxication (2007)
  • Shaggy & Friends (2011)
  • Summer in Kingston (2011)
  • Rise (2012)
  • Out of Many, One Music (2013)
  • Wah Gwaan?! (2019)
  • Christmas in the Islands (2020)
  • Com Fly Wid Mi (2022)

Албуми во соработка

уреди
  • 44/876 со Стинг (2018)

Награди и номинации

уреди

Греми награди

уреди
година Номинирано дело Награда Исход
1996 Boombastic Најдобар реге албум Победник
2002 „It Wasn't Me" featuring Rikrok Најдобра поп соработка со вокал Номинација
2006 Clothes Drop Најдобар реге албум Номинација
2008 Intoxication Номинација
2012 Summer in Kingston Номинација
2015 Out of Many, One Music Номинација
2019 44/876 Победник

Американски музички награди

уреди
година Номинирано дело Награда Исход
2002 Shaggy Омилен машки поп/рок изведувач Номинација
Омилен рап/хип-хоп изведувач Номинација
Награда од интернет обожаватели Номинација

Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 1,2 1,3 1,4 Huey, Steve. „Shaggy Songs, Albums, Reviews, Bio & More“. Allmusic. Посетено на June 30, 2022.
  2. Clark, Brian. „Brown to confer nine honorary degrees during Commencement and Reunion Weekend“. News from Brown. Brown University. Посетено на May 15, 2022.
  3. Anderson, Jon R. (July 5, 2015). „Shaggy's weed-fueled strategy for defeating ISIS“. Militarytimes.com. Посетено на April 23, 2018.
  4. „Shaggy – Biography of Shaggy“. PoemHunter.com. November 3, 2012. Посетено на November 3, 2012.
  5. "The Story of 'It Wasn't Me' by Shaggy". Vice, July 10, 2020, via YouTube.
  6. Празен навод (help)
  7. Orshoski, Wes (2007-10-27). „Shaggy reconnects with reggae roots on indie debut“. Reuters (англиски). Посетено на 2023-01-16.

Надворешни врски

уреди