Чучулига (композиција)
(Пренасочено од Шева)
Чучулига (ром. Ciocârlia), исто така позната како Шева („чучулига“ на срп.), е композиција настаната према народни мотиви од Романија. За виолината ја компонира романскиот композитор Чипријан Порумбеску во 19 век, а нејзиниот најпрочуен изведувач беше виолинистот Ангелуш Динику.
Најпознатите изведувачи на ова сложно дело во XX век се виолинистите Григораш Динику и Георге Енеску, како и Георге Замфир кој ја изведува на панова свиралка. Во поранешните југословенски земји ова композиција стекна голема популарност благодарејќи на честото изведување од страна на Големиот народен оркестар од РТС. Едни од највпечатливите изведби на Чучулига се изведбата на шупелка од страна на Бора Дугиќ и на хармоника од Мирољуб Аранѓелковиќ−Кемиш.