Шархерн

остров во Германија


Шархерн (германски: Scharhörn) — ненаселен остров во Северното Море и припаѓа на градот Хамбург, Германија.

Шархерн
Scharhörn
Воздушен поглед на Шархерн
Географија
МестоСеверно Море, Устие на Елба
Координати53°57′42″N 8°26′29″E / 53.96167° СГШ; 8.44139° ИГД / 53.96167; 8.44139
Држава
Покраина Хамбург
ОкругХамбург-Мите
ЧетвртХамбург-Нојверк
Демографија
Население0 (ненаселен)
Густина0 /km2 (0 /sq mi)

Географија

уреди

Шархерн се наоѓа на устието на реката Елба, на околу 15 километри северозападно од Куксхафен и 6 километри северозападно од соседниот остров Нојверк. Островото е дел од првата зона на хамбуршкиот национален парк Ваденско Море. Освен чуварите за птиците, островот нема постојани жители.

Заедно со вештачкиот остров Нигехерн, островот се наоѓа на голем песочен брег. Историски, целата областа вклучува гребен наречен Шархерн и песочен брег Шархернплате (Scharhörnplate). По човечкото создавање на островот во 1920-тите години и конечното создавање на Нигехерн на истиот песочен брег, името Шархерн било единствено користено за островот. Иако, општо гледано, Шархерн е безбеден од поплави, шесте метри високи брегови на островот не се заштитени, па така островот постојано бележи загуби на земја на западната страна, како што бурите постепено се префрлаат на источниот дел.

Песочниот брег на кој се наоѓаат Шархерн и Нигехерн претставува птичји резерват воден од страна на групата за животна средина „Друштво Јордзанд“ (Verein Jordsand). Платото Шархерн е долго околу 2,75 км и широко 1,5 км и зафаќа површина од околу 500 хектари. Јавниот пристап на островот е забранет, освен за официјални посети или со претходна најава на чуварите.

Историја

уреди

Во 1937 година, островот станал дел од пруската Покраина Хановер, како последица на Законот за голем Хамбург. Островот повторно го променил сопственикот во 1947 година, кога станал дел од новосоздадената покраина Долна Саксонија и повторно во 1969 година, кога бил вратен под контрола на Хамбург за целите на изградба на предложеното пристаниште на Шархерн и соседниот Нојверк. Плановите предвидувале изградба на 6.000 хектари насип од исчистениот песок, кој би бил безбеден од бурите во Северното Море и поврзан со копното преку насип од Шархерн до Нојверк и до Куксхафен.[1] Планот никогаш не бил спроведен, придружен со протести, високи трошоци и ниски нивоа на јавна поддршка.[2]

Остатоци на бродови

уреди
 
Das Watt bei Scharhörn, Фердинанд Линднер, 1880
Остатоци на бродови близу Шархерн
Датум Пловило и опис
23 ноември 1815 „Лисабон“ бил потонат на Шархерн Занд. Неговата посада била спасена.
27 септември 1815 „Борзенхале“ бил однесен на копното и подоцна повторно испловил.
1 декември 1821[3] „Картагена“, „Катерина“ или „Катарина биле однесени на копното и заглавил на Шархерн со целосна загуба.
1829 „Ромулус“ доживеал бродолом.
12 декември 1829 „Лове“ бил однесен на копното и напуштен на 28 декември.
24 август 1830 „Унтернемунг“ се изгубил.
1831 „Фров Ангелина“ бил однесен на копното пред 22 ноември. Повторно испловила и подоцна повторно имала бродолом со целосна загуба на екипажот.
5 април 1833 „Палм“ бил однесен на копното со оштетување. Неговата посада била спасена. „Палм“ повторно испловила на 10 април и бил однесен во Куксхафен.
1834 „Варф“ бил однесен на брегот.
21 октомври 1931 „Педер Мост“ заринкал и повторно испловил на 24 октомври.
29 март 1939 „Аделе Олроге“ заринкал и повторно испловил следниот ден.
29 декември 1940 „ПЛМ-23“ заринкал и бил уништен.
4 јануари 1954 „Лерос“ и Траунштајн“ заринкале. „Траунштајн“ испловил следниот ден, но „Лерос“ бил скоро уништен во многуте обиди да се спаси брегот од огромната нафтена дамка. Бил извлечен од гребенот и однесен во Куксхафен на 10 јануари.[4][5]
17 јануари 1955 „Герда Маерск“ заринкал.

Наводи

уреди
  1. Horst-Wolfgang Bremke: Ein Hafen im Meer. In: Die Zeit, Nr. 16/1971
  2. „Informationen zum Flächennutzungsplan, hamburg.de“. Архивирано од изворникот на 2011-09-09. Посетено на 2015-04-03.
  3. Датумите се разликуваат: 2 декември 1821 или 4 декември 1821
  4. "Welt im Bild", 81/1954, 12. January 1954 (германски), Bundesarchiv
  5. „Sieben Schicksalstage auf der „Leros", Die Zeit, 14. Januar 1954 (германски)“. Архивирано од изворникот на 2012-07-25. Посетено на 2015-04-03.

Надворешни врски

уреди