Нигехерн

остров во Германија


Нигехерн (германски: Nigehörn) — ненаселен вештачки остров во Северното Море, кој припаѓа на германскиот град Хамбург.

Нигехерн
Nigehörn
Воздушен поглед на Нигехерн
Географија
МестоСеверно Море, Устие на Елба
Координати53°56′53″N 8°25′49″E / 53.94806° СГШ; 8.43028° ИГД / 53.94806; 8.43028
Највисоко место5 м
Држава
Покраина Хамбург
ОкругХамбург-Мите
ЧетвртХамбург-Нојверк
Демографија
Население0 (ненаселен)
Густина0 /km2 (0 /sq mi)

Географија

уреди

Сместен во устието на реката Елба, Нигехерн се наоѓа на ист песочен брег како Шархерн, околу 4 километри северозападно од Нојверк и 15 километри северозападно од Куксхафен на копното. Островот е дел од првата зона на хамбуршкиот национален парк Ваденско Море.

Се издига околу 5 метри над морето и островото е всушност доста често поплавуван. Меѓутоа, не е заштитен од бури и е подложен на постојана ерозија, особено на неговата западна страна.

Песочниот брег на кој се наоѓаат Шархерн и Нигехерн е означен како птичји резерват Натура 200, воден од групата за заштита на животната средина „Друштво Јордзанд“ (Verein Jordsand). Областа, позната како Шархернплате (Scharhörnplate) е околу 2,75 км долга и 1,5 километри широка и зафаќа простор од 500 хектари. За разлика од Шархерн, каде посетителите можат да добијат официјална дозвола за посета, јавниот пристап до Нигехерн е строго забранет.

Изградба и историја

уреди

Нигехерн бил изграден во 1989 година со поврат на земја како компензација на постојаната загуба на земја на блискиот Шархерн, која се заканувала да го уништи важното место за одмор на птиците. Околу 1,2 милиони кубни метри песок биле поставени на песочниот брег преку хидроулично полнење за создавање на јадрото на новиот остров.

Со цел фаќање и држење на песокот биле направени барикади од дрво во двоен круг околу јадрото, со „зраци“ кои се ширеле надвор од круговите. Три двојни кругови со слична градба биле поставени и во самото средиште на новиот остров, со цел да се создаде срцето на островот. Траги од овие шаблони се видливи и денес на воздушните фотографии, иако сега се изменети и покриени со песок, а во западниот дел на острово и пропаднати.

Новоизградениот остров изнесува околу 30 хектари површина. Откако пионерската флора започнала да се појавува на островот, Нигехерн започнал природно да расте во околните плимни блата. Поради, областа на островот била зголемена со времето на околу 50 хектари.[1]

Наводи

уреди
  1. „Institut für Angewandte Umweltbiologie und Monitoring, 2004“. Архивирано од изворникот на 2013-11-02. Посетено на 2015-04-02.

Надворешни врски

уреди