Алпска ушеста чучурлига
Алпска ушеста чучурлига | |
---|---|
Научна класификација | |
Царство: | Животни |
Колено: | Хордати |
Класа: | Птици |
Ред: | Врапчевидни |
Семејство: | Чучурлиги |
Род: | Eremophila |
Вид: | E. alpestris |
Научен назив | |
Eremophila alpestris (Linnaeus, 1758) | |
Синоними | |
Otocorys alpestris |
Алпската ушеста чучурлига спаѓа во видот Eremophila од семејството на чучурлигите.
Ја има во Македонија.
Опис
уредиКако и другите чучурлиги, тие се тешко забележливи на земја, со своите кафено-сиви пердуви горе и побледи пердуви одоздола, со карактеристични црно-жолти линии на главата и вратот. Лете мажјакот има црни пердуви, кои му штрчат од главата како рокчиња. Должината на телото им е околу 18 см, а тежат 35-40 гр. Ноктот на задниот прст на ногата им е прав и долг. Клунот им е многу краток.
Распространетост и живеалиште
уредиАлпската ушеста чучурлига е распространета во северна Америка, северна и југоисточна Европа и Азија. Исто така, има изолирана популација на висорамнината во Колумбија. Северните популации од овие врапчевидни птици се миграциони, движејќи се јужно во зима.
Оваа птица е прилагодена за живот на отворено земјиште, а сака да живее на рамнини и планини. Во Македонија се постојани жители. Во Америка, каде што нема други чучурлиги за да се натпреварува со нив, живеат на обработливи земјишта или на фарми, во пустини, голф терени и авионски писти.
Поведение
уредиИако добро лета, оваа чучурлига живее претежно на земја хранејќи се со инсекти и семиња.
Гнездење
уредиГнездото го прават на земја и снесуваат 2-5 јајца испрскани со кафени и сиви точки. Малечките се испилуваат со ретки пердувчиња и целосно беспомошни, па родителите ги хранат со инсекти. Младенчињата брзо се развиваат и го напуштаат гнездото за десетина дена.
Статус и конзервација
уредиВо западна Северна Америка, алпската ушеста чучурлига често страда од турбините на ветерниците.
Наводи
уреди- ↑ BirdLife International (2012). „Eremophila alpestris“. IUCN Red List. Version 2012.1. International Union for Conservation of Nature. Посетено на 16 July 2012.
Извори
уреди- Steve N. G. Howell and Sophie Webb (1994). A Guide to the Birds of Mexico and Northern Central America. Oxford University Press. ISBN 0-19-854012-4.
- Christopher Perrins (2003). Firefly Encyclopedia of Birds. Firefly Books. ISBN 1-55297-777-3.
- David Allen Sibley (2000). The Sibley Guide to Birds. Knopf Publishing Group. ISBN 0-679-45122-6.
- van den Berg, Arnoud (2005) Morphology of Atlas Horned Lark Dutch Birding 27(4):256-8
- Small, Brian (2002) The Horned Lark on the Isles of Scilly Birding World 15(3): 111-20 (discusses a possible Nearctic race bird on the Isles of Scilly in 2001)
- Dickinson, E.C.; R.W.R.J. Dekker; S. Eck; S. Somadikarta (2001). „Systematic notes on Asian birds. 12. Types of the Alaudidae“. Zool. Verh. Leiden. 335: 85–126.
- Seebohm, H (1884). „On the East-Asiatic Shore-Lark (Otocorys longirostris)“. Ibis. 26 (2): 184–188.
Надворешни врски
уреди„Алпска ушеста чучурлига“ на Ризницата ? |
- Horned Larks in Flight (Westmoreland, NH)
- Cyberbirding: Horned Lark Архивирано на 4 април 2005 г.
- Page from the Cornell Laboratory of Ornithology with photographs and sound
- Shore Lark videos, photos & sounds Архивирано на 25 септември 2009 г. on the Internet Bird Collection
- Horned Lark - Eremophila alpestris - USGS Patuxent Bird Identification InfoCenter