Човекот кој спие (филм од 1974)

„Човекот кој спие“ (француски: Un homme qui dort) — француско-туниски филм од 1974 година, во режија на Бернар Кесан и Жорж Перек, кој е автор и на сценариото, засновано врз неговиот роман. Главната улога ја игра Жак Списер, а раскажувач во филмот е Лудмила Микаел.

Синопсис

уреди

25-годишен студент од Париз (го игра Списер) станува рамнодушен кон светот околу него и постепено запаѓа во отуѓеност и безнадежност.[1] Тој го минува времето затворен во својата соба или бесцелно шетајќи по улиците... Во текот на филмот, тој воопшто не зборува, а за тоа време женски глас (гласот на Микаел) раскажува за неговата состојба, мисли и чувства...

Наводи

уреди