Жорж Перек (7 март 19363 март 1982) — француски писател, есеист, филмаџија и член на писателската група Улипо. Татко му загинал како војник во Втората светска војна, а мајка му била погубена за време на холокаустот, и затоа многу од неговите дела се занимаваат со теми како загуба, тага, и идентитет. Бил стрaсен консумент на цигари, поради што починал на 45 години.

Жорж Перек
Роден/а7 март 1936
Париз, Франција
Починат/а3 март 1982
Иври на Сена, Франција
Занимањеписател, есеист, филмаџија
Јазикфранцуски

Животопис

уреди

Жорж Перек е роден како син-единец во работничко семејство од Париз. Семејството Перек биле полски Евреи кои се доселиле во Франција во 1920-тите. Таткото починал поради лоша медицинска нега кога бил ранет од огнено оружје за време на Втората светска војна, а мајката на Жорж умрела во Аушвиц во 1943, за време на холокаустот.[1]

Перек почнал со пишување рецензии и критика во литературното списание Nouvelle Revue Française, а истовремено студирал социологија на Сорбона. Служел војска како падобранец во 1958/59, а се оженил една година подоцна и привремено живеел во Сфакс, Тунис, каде го нашишал романот Работи: Приказни за шеесеттите, во кој ја раскажал својата животна приказна. Во 1961 се вработил во лабораторија за невропсихијатриски истражувања како архивар, каде останал до 1978.[2]

Романот Прирачник за животна употреба (1978) му донел слава и парична поткрепа, по што целосно се посветил на книжевноста. Престојувал на универзитетот во Квинсленд, Австралија, каде работел на книгата 53 Дена. Се разболел од рак на белите дробови поради тоа што многу консумирал цигари. Починал во 1982 г. во Иври на Сена, на 45 години, а бил кремиран и погребан на гробиштата Пер Лашез.

Библиографија

уреди
  • Работи: Приказни за шеесеттите (1965)
  • Човек што спие (1967)
  • Празнина (1969)
  • Спомени од детството (1975)
  • Прирачник за животна употреба (1978)

Наводи

уреди
  1. Jenny Davidson, Reading Style: A Life in Sentences, Columbia University Press, 2014, p. 107
  2. David Bellos (1993). Georges Perec. A life in words (англиски). London: Harvill/HarperCollins. ISBN 0879239808.

Надворешни врски

уреди