Чинампа

(Пренасочено од Чинампи)

Чинампа е стар средноамерикански земоделски метод кој користел мали, квадратести површини плодна земја за одгледување растенија во езерото во Долината на Мексико.

Модерни чинампи.
Езерскиот систем во Долината на Мексико за време на доаѓањето на Шпанците.

Овие чинампи биле нарекувани и како „пловечки градини“ и служеле како вештачки создадени острови. Чинампите биле создавани така што се ваѓала почва од езерото која била поставувана на мрежа изработена од прачки, трска или друг сламест материјал. На скоро сите краеви од чинампите се засадувале дрва типични за регионот за да се осигура стабилноста на истото. Секоја чинампа била одделена од друга со канал кој бил голем колку да помине едно кану.

Најраните забележани чинампи датираат од средниот посткласичен период, односно од 1150 до 1350 година. Чинампите најмногу се користеле во езерото Шочимилко и езерото Чалко. Овие чинампи можеле да се забележат околу целиот град Теночтитлан, главниот град на Ацтеките. Исто така, чинампи биле забележани и во близина на градот Шолтокан и на источниот дел од езерото Тешкоко. Самиот збор чинампа доаѓа од наватлскиот збор чинамитл (chināmitl) што значи „квадрат изграден од трска“.

Користена литература

уреди

Поврзано

уреди

Надворешни врски

уреди