Чај од листови од кафе

Чајот со листови од кафе е билен чај подготвен од листовите на растението кафе. Овие листови, откако ќе се исушат, може да се сомелат или да се сронат, потоа да се приготвува или потопува во топла вода во форма слична на чајот. Добиениот пијалок е сличен по вкус на зелениот чај, но со помала содржина на кофеин од обичниот чај или кафе.[1]  Листовите од кафето многу личат на листовите и стебленцата на парагвајскиот чај (Ilex paraguariensis). [2] Во некои региони, како што се Суматра и Етиопија, од растението кафе се земаат само листовите, а бобинките се оставаат на грмушката.[2]

Листовите од кафе може да се подготват како билен чај

Во Етиопија, чајот со листови од кафе се нарекува кути и се консумира стотици години.

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. Mulholland, Angela (Jan 20, 2013). „A hot hybrid: Coffee-leaf tea packs antioxidant punch“. Посетено на 23 January 2013.
  2. 2,0 2,1 „Coffee-leaf Tea“. New York Times. 2012-06-10. Посетено на 2016-05-07.